Јавен тоалет од Балканот стана хит на социјалните мрежи во целиот свет (ВИДЕО) - Канал 5

Јавен тоалет од Балканот стана хит на социјалните мрежи во целиот свет (ВИДЕО)

Јавните тоалети не се многу популарни на овие простори, но има еден кој привлекува големо внимание и е познат како „најпознат на Балканот“.

Јавен тоалет од Балканот стана хит на социјалните мрежи во целиот свет (ВИДЕО)

Инфлуенсерката Натали Раде неодамна на своите следбеници им покажа како изгледа „паметен тоалет“ во Славонија и предизвика голема врева.

Зошто е толку посебен? Бидејќи е од стакло и практично проѕирен!

Да, добро прочитавте. Поставен е на јавна површина, а се чини дека секој може да види што се случува внатре. Сепак, вистината е поинаква.

Имено, додека седите на тоалетот, можете да го видите целиот пејсаж, додека надворешните ѕидови се како огледало и вашата интимност е заштитена.

Натали ги снимала пријателите одвнатре, а кога ги сменија местата, не можела да ја задржи смеата.

„Паметниот тоалет“ ги подели мислењата на луѓето. Некои го коментираат со ентузијазам, додека други се исплашени.

„Каква траума“, „Ова е рај за егзибиционистите“, „Попрво би страдал додека не се вратам дома“, гласат дел од пораките.

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

- Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници. При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Сообраќајот тековно, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Сообраќајот тековно, без застои

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на  светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). 

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли.

Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29 април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

притисни ентер