Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
2Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
МакедонијаЈавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2026/2027 година Министерството за образование и наука објави Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2026/2027 година. Програмата има цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree). -Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како координатори или партнери во CEEPUS IV универзитетските мрежи од различни области, се наведува во повикот. МОН посочува дека согласно CEEPUS IV договорот има одредени промени - CEEPUS мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на CEEPUS програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. -Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки. Во академската 2026/2027 година еден професор со наставно знаење може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење може да ја има улогата на контакт лице е ограничен на четири академски мрежи, наведува МОН во објавата. Аплицирањето е единствено онлајн на www.ceepus.info, а рокот е 30 ноември 2025. Во повикот е појаснето дека пријавувањето за вмрежување е онлајн на платформата на CEEPUS програмата на www.ceepus.info. -За поднесување на пријавата задолжен е координатор на мрежата, додека установите учеснички имаат обврска да ја приложат побараната документација во рамки на електронската пријава, се посочува објавениот повик во кој се наведени и документите потребни за аплицирање, како и контактите во МОН за подетални информации во врска со пријавувањето. Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклица“Определен е притвор за 41-годишната кратовка што пред два дена беше приведена поради физички напад врз посетители на локалитетот „Куклица “. Станува збор за жената која извесен период нелегално наплаќаше влез во локалитетот во кратовско, кој е прогласен за споменик на природата. Од обвинителството посочуваат дека и покрај сите преземени мерки, осомничената продолжила да го узурпира локалитетот, неосновано да им наплаќа влезници на посетителите. „При последниот инцидент, осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие ,односно таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“,велат од обвинителството. Од МВР вчера информираа дека 41-годишната била приведена попладнето на 2 август откако било пријавено дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“.Тагови: Куклица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter