Јавен повик на Град Скопје за финансирање проекти од културата за 2019 - Канал 5

Јавен повик на Град Скопје за финансирање проекти од културата за 2019

 Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот за 2019 година.

Јавен повик на Град Скопје за финансирање проекти од културата за 2019

Заинтересираните може да поднесат предлози за поддршка на професионални, аматарески или младински проекти, манифестации и активности од областите: Изведбени уметности; Музички уметности; Визуелни уметности и уметност на новите медиуми; Издавачка и библиотечна дејност; Музејска дејност и промоција на културното наследство; Меѓународна соработка и Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

Право да учествуваат имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

- Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје кои се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, соопшти Град Скопје.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности - Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или на www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик е објавен во дневниот печат и ќе трае до 15 октомври 2018. Дополнителни информации може да се добијат на телефоните: 02 3297-324, 02 3297-289 и на електронската адреса [email protected].

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер