Јавен одговор на семејството на убиената Фросина Кулакова: Друга Фросина да не дозволиме да се деси - Канал 5

Јавен одговор на семејството на убиената Фросина Кулакова: Друга Фросина да не дозволиме да се деси

Јавен одговор на семејството на убиената Фросина Кулакова vо врска со манипулативните и неетички изјави на адвокатот Сашко Дуковски.

Јавен одговор на семејството на убиената Фросина Кулакова: Друга Фросина да не дозволиме да се деси

Објавата ја пренесуваме интеграло:

Адвокатот Сашко Дуковски денеска изјави дека казната од 12 години затвор за Васил Јованов — лице кое без возачка дозвола, под дејство на алкохол, со огромна брзина и на црвено светло свесно ја прегази нашата ќерка Фросина Кулакова — била резултат на „притисок од јавноста“.

Дополнително, Дуковски говореше за „лов на вештерки“ и дека судот применил „шеријатско право – око за око, заб за заб“.

Со вакви изјави, овој адвокат не само што го навредува нашето семејство, но и ја понижува жртвата, заради што во најмала мера треба јавно да ни се извини, но со вакви невистинити изјави дополнително го поткопува кредибилитетот на целиот правосуден систем кој и онака е крајно долен...

Па ако е и од него – премногу е...

Во продолжение следуваат пет фактички и правни точки со кои се гледа неоснованоста и гола манипулативност но и врвно ниво на бескрупулозен чин препознаено во неговите тврдења.

1️⃣ Судската пракса не е алиби за неправда

Тврдењето дека „никогаш досега не е изречена ваква казна“ не е аргумент, туку признание за системски неуспех.

Во секоја држава што тежнее кон правда, позитивен преседан што ја исправува неправилната пракса и ја воведува во адекватни и потребните законски рамки е знак на напредок – не на притисок.

Ако досега ниту еден убиец зад воланот не добил соодветна казна, тоа не значи дека оваа казна е висока, напротив оваа изречена казна е крајно несразмерно ниска и затоа вака реагираме и потенцираме дека сите претходни биле премногу благи...

Токму поради ваквите благи казни како што е и постоечката на Васо Јованов од само пола од пропишаната Законска казна а сите сме сведоци дека напросто сите можни отежнителни околности му се на вратот на ладнокрвниот убиец Васо Јованов и затоа доколку оваа казна се официјализира од страна на Апелацискиот суд ќе продолжи и како судска пракса ќе се потхранува систем во кој живееме во секојдневие со беззаконие, дивеење и човечки жртви.

Фросина ја плати цената на тој системски пропуст. Друга Фросина да не дозволиме да се деси...

Понатаму Дуковски, кој се повикува на „судска пракса“, не кажува дека во сличен случај, познат како „Златарот од Мавровка“, судот не прифати манипулативно признание и изрече максимална казна, иако обвинетиот го признал делото.

Зошто? Затоа што признанието нема тежина кога има обилје на докази и по правило наведува на правни маневри на одбраната односно голи манипулации со цел неосновано да се постигне намалување на казната...

И токму затоа, според таа судска пракса како што е случајот со Златарот од Мавровка и неприфатеното признание на убиецот, па подеднакво и Васил Јованов заслужува максимална казна....

Во ова, дури и со Дуковски можеме да се согласиме штом бара примена на судска пракса еве јаснен пример...

2️⃣ Кога совеста на народот ќе прозбори – тоа не е притисок, туку е правда

„Притисокот од јавноста“ не му пресуди на убиецот Васо Јованов – туку неговите злодела.

Судот не е изолиран остров: пресудите се донесуваат во име на граѓаните, во име на јавноста.

Тие 40.000 граѓани во Скопје и десетици илјади низ другите градови не излегоа од омраза, ниту за „шеријатско право“.

Излегоа затоа што совеста на народот не може повеќе да молчи пред озаконувањето на беззаконието од страна на системот особено кога казни и убиства се минимизираат

Ние како семејство, а и целата јавност, не бараме одмазда – бараме владеење на правото.

3️⃣ „Каење“ не се мери со зборови – туку со дела

Да се зборува за „искрено каење“ кај лице кое е правосилно осудено за трговија со дрога, кое сакало да побегне од местото на убиството и потоа манипулативно се обидувало да ја ублажи вината – е морален и правен апсурд.

Таквото „каење“ е сценарио, не совест. Така повеќе не може и ЗАТОА БЕШЕ И РЕАКЦИЈАТА НА НАРОД И СИТЕ ПРОТЕСТИ

Во вистинско каење има самопријава, искреност ...

Во овој случај – нема ништо од тоа. Васо и неговото семејство уште првиот ден во притвор му шверцуваат мобилен телефон што е уште еден низата огромни докази за каков тежок криминален профил се работи !!!!!!!!!!

4️⃣ „Лов на вештерки“ е срамен збор за убиство на дете и понижување и сквернавење на нејзината жртва...

Да се спореди барањето за правда со „лов на вештерки“ е навреда за секое семејство што изгубило најмил.

Ова не е мит, туку злосторство.

Фросина нема да дозволиме да биде дел од нечија правно -медиумска магла, туку архетип на совеста на едно општество што повеќе не прифаќа да биде се молчаливо.

5️⃣ Фактите се непобитни – и јавноста не ги измисли

Васил Јованов:

– возел без возачка дозвола

– бил под дејство на алкохол

– минал на црвено светло

– возел со екстремна брзина низ еден од најфреквентните пешачки премини

– сакал да побегне од местото

– правосилно осуден за трговија со дрога

– со 14 прекршоци „чувани во фиока“

Критичната вечер свесен дека на врат има бројни пријави и затворски казни тој најарогантно сето го апстрахира и тргнува со колата без возачка дозвола да пие низ градот и да дивее како што правел вообичаено и така ја убива нашата мила Фросинче

Сите овие отежнителни околности го откриваат профилот на лице што не покажува ни трошка совест, туку повторува криминални шеми.

Овие факти не се „притисок од јавноста“, туку темели на правдата што бара максимална казна.

Заклучок

Кога Васил Јованов ја прегази Фросина Кулакова, не беше прегазено само едно дете, туку човечноста на ова општество.

Зашто Васил Јованов одамна требало да биде во затвор – имајќи предвид неговото богато криминално досие, бројните прекршоци и кривични дела што со години биле прикривани или чувани „во фиока“.

Тоа прикривање, за жал, било овозможено и преку неколку манипулативни и незаконски судски постапки, кои наместо да го заштитат човечкиот живот, му овозможиле на сторителот повторно да излезе на улица – сè до денот кога на пешачки премин ја одзеде младоста и животот на нашата мила Фросинче

Сега е моментот судот да покаже дека Законот има сила и совест.

Да докаже дека животот на едно дете вреди повеќе од ароганцијата на еден убиец.

И дека правдата, конечно, не се купува – туку се заслужува.

Фросина живее преку нас, преку светлината што ја остави зад себе.

Семејството Кулакови

Голем поздрав

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. 

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години?

Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата.

Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила.

Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт.

Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума.

Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач.

Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот.

Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено.

Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф.

Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години.

„Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан.

Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година.

Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал.

Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож.

Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство.

Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило.

Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста.

Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно.

Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos.

Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови.

Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз.

Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата.

Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата.

На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември.

Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат.

Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември.

Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“.

Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата.

Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер