Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БизарноЈасновидец, кој „го предвиде“ Ковидот, го шокира светот- го споменува и Балканот со морничави прогнозиСветот влегува во 2026 година со голема неизвесност, а предвидувањата на еден човек повторно го привлекоа вниманието на илјадници.Николас Ауџула, јасновидец и хипнотерапевт кој стана светски познат по тврдењето дека ја предвидел пандемијата Ковид-19, ги објави своите предвидувања за следните 12 месеци. Според него, нè очекува година „полна со изненадувања“, почнувајќи од климатски аномалии до буквално средби од вселената. Климатски потреси на Балканот Еден од највознемирувачките делови од предвидувањата на Ауџула се однесува на Балканот и околните региони. Тој предвидува зголемена вулканска и сеизмичка активност, конкретно споменувајќи ја Грција и Турција. Слични настани, вели тој, се очекуваат и во Тихиот Океан и Азија. Иако сеизмолозите постојано ги следат овие области, изјавите на јасновидецот редовно предизвикуваат бран коментари на социјалните мрежи. Холивуд, вештачка интелигенција и „симболични падови“ Во светот на шоу-бизнисот и политиката, 2026 година, според Ауџула, ќе биде година на пресметки: Холивуд под опсада: Се очекува масовни тужби за клевета да ја потресат филмската индустрија. Ерата на филмови со вештачка интелигенција: Вештачката интелигенција ќе влезе во светот на филмот уште подлабоко, а продукциите генерирани од алгоритми ќе станат масовен феномен. Доналд Трамп: Ауџула предвидува „пад од височините“, што многумина симболично го толкуваат како губење на влијание или нов политички пресврт. Кралски драми: Јавните конфликти меѓу принцот Хари и Меган Маркл, според него, ќе продолжат да ги полнат насловните страници на таблоидите, пишува Blitz bg. Вонземјани и нова „мистериозна болест“ Најекстравагантните прогнози за 2026 година вклучуваат појава на вонземјани. Иако темата за НЛО влезе во официјалните извештаи на Пентагон во последните години, Ауџула верува дека ќе има повеќе директни знаци за нивно присуство оваа година. Во исто време, тој предупредува на нова „мистериозна болест“ чии симптоми наликуваат на оние на аневризма. Здравствените експерти советуваат претпазливост при толкување на ваквите тврдења, со цел да се избегне непотребна паника како онаа во 2020 година. Кој точно е Николас Ауџула? За оние кои првпат слушаат за него, Ауџула тврди дека почнал да има визии на 17-годишна возраст. Тој верува во реинкарнација и вели дека во минатите животи бил египетска кралица, па дури и лав. На неговиот список на „хитови“ се наоѓаат победата на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, подемот на вештачката интелигенција и личните драми на познати ѕвезди како Кети Пери. Дали неговите предвидувања за 2026 година ќе се остварат или ќе останат во сферата на фантазијата, останува да се види.Тагови: Балканот Ковид-19 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05