Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор
Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД
1Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор
2Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД
Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
1Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
2Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
3Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
ЖивотЈасно е колку години имате, но знаете ли колку е старо вашето тело? Дознајте со само една вежба, не е сеедно!Во зрелите години виталноста е многу важна. Сте се запрашале ли некогаш дали возраста на вашето тело одговара на возраста од вашата лична карта? Стареењето не е исто кај сите. Додека некои педесетгодишниците зрачат со виталност, некои триесетгодишни лица веќе ги чувствуваат последиците на заморот, болките и намалените физички способности. Начинот на живот, исхраната, физичката активност и стресот значително влијаат на биолошката возраст на телото, која може да се разликува од вашата хронолошка возраст. - Вашата биолошка возраст ја одразува вистинската состојба на вашето тело - од виталноста на клетките до функционалноста на органите. Таа е појасен показател за вашето здравје отколку бројот на прославени родендени – се наведува на порталот на Сити магазин. Еден едноставен, но веродостоен начин за проценка на биолошката возраст е тестот за рамнотежа, кој ги анализира невромускулните врски клучни за стабилноста и подвижноста. Се што ви треба за овој тест е малку време и стабилна површина за да ја извршите оваа вежба. Како да го направите тестот? Застанете боси на рамна површина. Затворете ги очите. Полека подигнете ја едната нога и обидете се да ја одржувате рамнотежата што е можно подолго. Мерењето престанува веднаш штом ќе ја изгубите рамнотежата. Што откриваат резултатите од тестот? Ако можете да стоите на една нога 30 секунди или повеќе, вашето тело има виталност на како дваесетгодишно. Ако балансирате помеѓу 15 и 30 секунди, вашето тело функционира како кај четириесетгодишници. Ако времето е помалку од 10 секунди, вашето тело има карактеристики како кај личност над 60 години. - Доколку резултатот не е задоволителен, не треба да се обесхрабрувате. Биолошката возраст не е постојана. Имено, со промена на вашите навики, може значително да ја подобрите состојбата на вашето тело – велат експертите. Како да ги подобрите резултатите? За подобри резултати се препорачува редовна физичка активност, како јога, пилатес или таи чи, која ја подобрува рамнотежата. Дневни прошетки од најмалку 30 минути кои го намалуваат стресот и го одржуваат телото активно, исто така се делотворни, како и вежбите за сила и флексибилност за зачувување на мускулната маса. Избегнувајте долготрајно седење и неактивност. Вашето тело е најдобриот водич за здравје. Слушајте го и усвојте навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате помладо и повитално. Биолошката возраст не е судбина, со соодветна грижа можете да ја „вратите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаМицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притворЗакани по живот и навреди кон премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. 39-годишен жител на кумановското село Черкези заврши во осумдневен притвор, откако на објава на профилот на премиерот на социјалнта мрежа Инстаграм оставил коментар со заканувачка и навредлива содржина по животот на премиерот и неговото семејство. Обвинителството во Куманово веднаш реагираше и поведе постапка против осомничениот за кривичното дело „загрозување на сигурноста“. Од МВР за случајот информираат дека настанот бил евидентиран на 14 септември 2026 година, но објавата на социјалните мрежи на заканувачот била пред три дена на 11 септември, утврдиле надлежните институции. -Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Д. од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик. изјави на портпаролката на СВР-Куманово, Ивана Младеновска. Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри детали за заканите. -Јас дознав во текот на вчерашниот ден за заканите на социјалните медиуми коишто се напишани од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад и упатил пцофки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција и кога не би бил знам како се решаваат овие работи. Но, претпоставувам инститцуциите си ги преземале своите надлежности и преку МВР е обезбедено лицето и се надевам правосудниот систем ќе го спроведе лицето онаму каде што му е место - изјави Мицкоски. Од Обвинителството објаснија дека притвор за лицето од с. Черкези побарале поради ризик од бегство и можност осомничениот повторно да го стори делото. Според досега обезбедените докази, тој и претходно бил поврзуван со насилен криминал, насилство, лихварство и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир. -Согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, додаваат од ЈОРМ. На приведениот според Кривичниот законик доколку се утврди одговорност, му се заканува казна затвор од пет години. Инаку, и претходно во јавноста беа регистрирани случаи и информации за заканувачки пораки, упатени кон семејството на премеирот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
ЗдравјеБоледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот Контролор од ФЗОМ може во секој момент да дојде на врата и да провери дали осигурникот на фондот кој е на боледување е дома. На овој начин ќе се проверува релевантноста на боледувњето, соопшти првиот човек на фондот Златко Перински. Само за август исплатени се 623 милиони денари, од кои 414 милиони се за трудничко боледување. „Може да биде и контрола по случаен избор а може да биде и по барање на работодавач доколку се сомнева за отуство на вработен. Истотака кога ќе дојде контролорот и не го најде осигурениот тогаш остава барање да се јави и да каже каде бил во моментот“, вели Златко Перински директор на ФЗОМ. Директорот на фондото посочи дека овој предлог ќе биде поднесен до управниот одбор на фондот. Тој очекува да биде спроведено едно од новините, тоа е боледувањето од седум дена, да биде скратено на пет работни дена со образложение дека осигуреникот ќе има можност и време за проверки и евентуално продолжување на боледувањето. Новина од фондот е користењетот на рецепт даден од дежурен лекар да важи и до 24 часа за да се земе лекот. Од ФЗОМ објаснија дека во фокус на предлози до управниот одбор и да се стават повеќе ин витра обиди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САДНовиот развој на настаните на Блискиот Исток ја вивна цената на нафтата на највиско ниво од мај, засега без сигнали дека состојбата може да се стабилизира. Нафтата од типот Брент преку ноќ скокна за три проценти и се продава за 107 долари за барел, сериозно доближувајќи се на рекордот од 118 долари, од март годинава. Освен на со месеци блокираниот Ормутски Теснец, драстичниот скок на цените се должи на молскавичниот продор на злогласените Јеменски Хути кои зазедоа клучни острови кај теснецот Баб ал-Мандаб, кој е најкусиот поморски пат меѓу Европа и Азија. Саудиска Арабија го затвори најголемиот нафтовод кој беше цел на напади од бесопилотни леатала, а низ кој дневно се транспортираат седум милиони барели или 4 проценти од светските протреби на нафта. -Пазарот ќе биде шокиран, цените ќе се зголемуваат, а само Саудијците можат да кажат колку време е потребно за поправка на нафтоводот. Цената на нафтата веројатно ќе достигне 120 долари за барел. , вели Јоханес Бенигни, енергетски експерт од Виена. Паралелно со светските берзи, расте и нервозата во САД, каде што прв пат во историјата дизелот надмина шест долари за галон, односно 1,65 долари за литар, што е поскапување од 60 проценти за една година. -Машината зад мене троши 200 галони дневно. Мораме да жнееме и да ги користиме машините и да користиме дизел. Суштината е дека тоа влијае на нашиот профит. , жител на Вашингтон. -Кога овие цени вака вртоглаво растат, тоа им ја зема храната од уста на вашите деца. , вели жител на Вашингтон. Американскиот претседател Трамп, смета дека скокот на цените на нафтата не е резултат од случувањата на Блискиот Исток, туку од конфликтот меѓу Украина и Русија. -Г-н Зеленски мора да направи една работа. Да престане да го онеспособува дизелот горивото во Русија. Нека таргетира други цели, но не дизелот, бидејќи предизвикува недостиг од дизел гориво. Ова не го прави Блискиот Исток, ова (поскапувањата) се резултат на случувањата со Русија и Украина. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Украинскиот претседател Зеленски засега е без одговор на барањато на Трамп Украина да се воздржи од нападите врз руските рафинерии.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00