Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
1Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
КултураJaпонскиот поет Шунтаро Таникава е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2022 годинаДобитник на „Златен венец“ за 2022 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава.Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писателите на Македонија Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 24 до 29 август. Во образложението на одлуката, проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“,потенцира: Лапидарната релјефност на неговиот глас и кондензираноста на мигот, наспроти наративноста на стихот, е темелна црта, што го одвојува Шунтаро од поетичките тенденции на Западот. Од друга страна, тивката градба на неговите стихови, обликувана на таков начин, што модерноста делува небаре е традиционална е клучната одлика, според која оваа лирика (на Шунтаро) се издвојува како особена, меѓу повеќето поети, со потекло од далечниот Исток. Шунтаро ја гради својатa поетика, препуштајќи и’ се на гравитацијата на метафизичното, длабоко расекувајќи го емпириското ткиво на јазикот. Тој од јазикот за поезија ја гради поезијата на јазикот. Поетскиот глас на Шунтаро се отелотворува во безграничниот простор меѓу ендемичниот (честопати еретичен и етеричен) лиризам и славењето на антипоезијата, која се спротивставува на традиционалните поетски структури, мотиви и стилови (а чиј предводник беше неговиот чилеански современик Никанор Пара). Исчистеноста од метафори наспроти силниот сјај на сликите во неговото творечко огледало, го носи Шунтаро назад, кон „колибата“, под дрвото на хаику-мајсторот Башо. Шунтаро Таникава (роден во Токио во 1931 година како единствениот син на филозофот Тецузо Таникава) е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува, не само низ возбудливите „води“ на јазикот, туку и во низата креативни преобразби во музика, филм, слика или калиграфско писмо. Toj е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот и најиновативниот поет од Јапонија. чии дела се преведени на многу јазици во светот. Автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија, во Јапонија и во странство. Неговите песни се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници и мас- медиумите. Шунтаро се јавува и како автор на драмски текстови, филмски сценарија, плоден есеист, преведувач, автор на литература за деца. Неговата дебитантска збирка „Две милијарди светлосни години самотија“ во 1952 година ги вчудовидела неговите поетски врсници и книжевни критичари како нешто со кое се сретнуваат за прв пат и со тоа се втемелува како новата одредница на јапонската поетика по Втората светска војна. Добитник е на низа престижни награди, меѓу кои: „Јомиури“ во 1983 г, „Ханацубаки“ во 1985 г, „Такаши Саида“ во 1987 г, „Шогакукан“ во 1988 г, наградата „American Book Award“ во 1989 г, наградата за модерна поезија „Јутака Маријама“ во 1991 г., „Сакутаро Хагивара“ во 1983 г., „Асахи“ во 1996 г, „Саксава“ во 1998 година, наградата „Динг Јун“ во Кина во 2005 г, наградата на „Монголското здружение на писатели“ во 2008 г, „Нобуо Ајукава“ во 2010 г, меѓународната поетска награда „Жонгкун“ во 2011 г, „Тацуџи Мијоши“ во 2016 г, наградата на фондацијата „Јапонија“ во 2019 година, а неговото име се споменува како еден од можните канидидати за добитник на Нобеловата награда за литература. Поезијата на Шунтаро е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поеткиот избор „Дребoлии“, објавен во едицијата „Плејади“ на Струшките вечери на поезијата, во 2005 година во препев на Зоран Анчевски. Во поздравното обраќање до македонската јавност, Шунтаро Таникава вели: „Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Оока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да станат поети, и иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива Земја, оваа љубов постојано расте. Староста постепено ме лишува од слободните телесни движења, но пак за чудо, мојот ум се движи сè полесно, како да му пркоси на ова ограничување. По некое правило, човечките години ги споредувам со прстените на едно дрво. А староста ми наликува како да се движам наназад кон центарот на тие прстени со секоја наредна година. Сега сонувам да имам зборови, изнедрени од телото и умот, како некој разговор помеѓу заљубените, настрана од нормалното значење на зборовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата. Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката. Powerful explosion rocks an ammunition plant near Rome A fire and powerful explosion occurred at the KNDS Ammo Italy plant in Colleferro, which produces medium- and large-caliber ammunition as well as solid propellant for aerospace rockets. According to preliminary information,… pic.twitter.com/hm8FQ2GpUf — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 „KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија. Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година. Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветУкраина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното МореУкраина испрати понуда од трета страна до Русија за двете страни да престанат да напаѓаат цивилни цели во Црното Море, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.Украина сè уште не добила одговор на својата понуда, додаде изворот. Во последните недели, двете страни изјавија дека меѓусебните напади врз пратките со жито и инфраструктурата во виталниот воден пат би можеле значително да влијаат на светските цени на храната оваа година. Grateful to Ukrainian warriors who are bringing the war back to Russia and responding to its attacks against life. Our targets are consistently defined facilities that sustain the war effort. Middle strikes were carried out overnight, with successful hits in the Black Sea and… pic.twitter.com/lOCRhSjkG7 — Defense of Ukraine (@DefenceU) August 1, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter