Јапонскиот народ донира мобилен рендген апарат на штипската Клиничка болница - Канал 5

Јапонскиот народ донира мобилен рендген апарат на штипската Клиничка болница

Болницата добива нов целосно функционален рендген апарат, за да може да се обезбеди брза и прецизна дијагноза, без да се преместуваат повредените пациенти на одделенијата.

Јапонскиот народ донира мобилен рендген апарат на штипската Клиничка болница

Мобилен рендген апарат во вредност од 55.000 евра ќе добие Клиничка болница-Штип. Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, директор на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска го потпишаа Меморандумот за донацијата на овој апарат, кој е потребен за брза и прецизна дијагностика за пациентите од целиот источен регион.

Јапонскиот амбасадор, Хиронори истакна дека ова е шеста донација од страна на Амбасадата, односно јапонскиот народ за Општина Штип, а втора за болницата, која е од регионален карактер и се лекуваат пациентите од Брегалничкиот регион, но и од југоисточна Македонија.

-Болницата добива нов целосно функционален рендген апарат, за да може да се обезбеди брза и прецизна дијагноза, без да се преместуваат повредените пациенти на одделенијата. Исто така апаратот може да се користи и за време на операции, вели Хиронори.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев истакна дека ова е втора голема донација од Јапонија. Претходно на болницата и беа донирани две амбулантни возила, кои во време на пандемија се покажаа како исклучително корисни за брзи интервенции и транспорт на пациенти, а новиот мобилен рендген апарат ќе значи и побрза и подобра дијагностика за пациентите. Апаратот кога ќе се добие ќе се користи најпрвин на Инфективното одделение, а по завршувањето на овој четврти бран, како што вели Ѓеорѓијев ќе го користат и останатите одделенија, особено за шок соба, потоа за ортопедија, хирургија и останатите одделенија.

-Доколку и понатаму трае оваа корона криза ќе го користиме за детекција на пациенти со КОРОНА, а кога ќе заврши овој бран ќе може да го користиме секаде каде што имаме неподвижни пациенти и критични пациенти. Дали станува збор за шок соба, Одделот за анестезија, во операциона сала во Ортопедија, Хирургија, вели Ѓеорѓијев.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов се заблагодари на јапонската Амбасада за долгогодишната соработка, а дека двете држави одлично комуницираат доказ се веќе реализираните проекти, пред сѐ проектот ХС „Злетовица".

Јапонскиот амбасадор Хиронори најави и нова програмска линија на која Штип ќе аплицира со повеќе проекти, а пред сѐ со проекти од комуналната дејност. Јапонија заклучно со оваа година за проекти во државата има обезбедено над осум милиони евра. Станува збор за голем број на проекти од сите сфери на живеење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопругата на Дмитриј Песков сака ЕУ да ѝ ги укине санкциите

Татјана Навка, сопруга на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, бара да ги оспори санкциите на ЕУ што ѝ се наметнати поради војната во Украина пред Европскиот суд на правдата, според податоците објавени на веб-страницата на ЕУ.

Сопругата на Дмитриј Песков сака ЕУ да ѝ ги укине санкциите

Навка, поранешна олимписка шампионка во уметничко лизгање, беше додадена на списокот на санкции на ЕУ во јуни 2022 година против лица поврзани со агресијата во Украина. Ќерката на Песков, Елизавета, и синот Николај, исто така беа на истиот список.

Брисел соопшти дека при усвојувањето на мерките, кои вклучуваат забрана за патување во ЕУ и финансиски ограничувања, тие биле воведени „за дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“.

Податоците објавени на порталот EUR-Lex на ЕУ покажуваат дека 51-годишната Навка, која е родена во советска Украина, но сега има руско државјанство, бара укинување на санкциите преку Судот на правдата на Европската Унија.

Во правниот поднесок се наведува дека Навка тврди дека причините за санкциите не биле правилно објаснети, дека биле направени правни грешки и неточни проценки на фактите и дека ЕУ не докажала доволна врска помеѓу тоа и наведената цел на санкциите. Тој бара од Советот на Европската Унија отштета во износ од нешто повеќе од два милиони евра, пишува Ројтерс.

Друга официјална база на податоци на ЕУ покажува дека Екатерина Игнатова, сопругата на Сергеј Чемезов, раководител на државната одбранбено-индустриска корпорација Ростек, се обидува да ги оспори санкциите со истите правни средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена на концерт на Крк се појави во фустан со имиња на нејзините најголеми хитови (ФОТО)

Публиката во Diamond Club на хрватскиот остров Крк се собра за познатите песни на Лепа Брена, од „Да се ​​сакаме“ и „Влези слободно“ до „Миле воли диско“ и „Луда за тобом“.

Лепа Брена на концерт на Крк се појави во фустан со имиња на нејзините најголеми хитови (ФОТО)

Заедно со музиката, централниот настан на вечерта беше впечатливата тоалета во која пејачката ја претвори својата богата кариера во модно издание, објави Индекс.

Фустан со мотиви од најголемите хитови

За својот настап, Лепа Брена избра сценска комбинација инспирирана од сопствените успеси. Носеше бел фустан со рачно напишани црни мотиви, зборови и симболи поврзани со нејзините песни. Раскошната силуета на фустанот дополнително доаѓаше до израз со секое движење на сцената, што создаде силен визуелен ефект што го надополнуваше музичкиот настап.

Целокупниот изглед беше во согласност со препознатливиот сценски стил на Брена, кој е гламурозен и модерен, но не претерува. Таа избра едноставна фризура и шминка - висока опашка и минималистичка шминка, а комбинацијата ја надополни со светкави сандали. Притоа, таа се погрижи фустанот да биде во центарот на вниманието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УНЕСКО ја отстрани Виена од списокот на загрозено културно наследство- нема да се гради зграда од 73 метри

УНЕСКО денеска одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа променети плановите за контроверзниот проект за облакодер кој со години предизвикуваше загриженост кај организацијата.

УНЕСКО ја отстрани Виена од списокот на загрозено културно наследство- нема да се гради зграда од 73 метри

УНЕСКО денеска одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа променети плановите за контроверзниот проект за облакодер кој со години предизвикуваше загриженост кај организацијата, објави Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на состанокот во Бусан.

Во 2017 година, историскиот центар на Виена беше вклучен во листата на УНЕСКО на загрозено светско наследство поради планираната изградба на висока зграда во центарот на градот. Во тоа време, УНЕСКО предупреди дека проектот може негативно да влијае на препознатливиот историски лик на австриската престолнина и да го оштети неговиот урбан карактер.

Првичниот план предвидуваше изградба на зграда висока 73 метри, но проектот подоцна беше променет, а максималната висина беше намалена на нешто помалку од 50 метри. Изменетиот предлог сè уште треба да помине низ оценка на влијанието врз животната средина.

58 локалитети остануваат на листата

Историското јадро на Виена беше запишано на листата на светско наследство на УНЕСКО во 2001 година поради неговиот уникатен урбан пејзаж кој комбинира архитектура од различни периоди, од средниот век и барокот до згради од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век.

По одлуката во Бусан, 58 локации остануваат на листата на УНЕСКО за загрозено светско наследство. Меѓу нив се бројни места загрозени од вооружени конфликти, природни катастрофи и последиците од климатските промени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер