ЗдравјеЈапонски научници направиле маски, што светат под УВ кога на нив има трага од ковид-19Тим научници од Универзитетот во префектурата Кјото, предводен од Јасухиро Цукамото (52), се надева дека маските ќе им овозможат на корисниците лесен начин да се тестираат на корона вирусот, пренесува агенцијата Кјодо.Се вели дека тимот научници бара одобрение од владата за продажба на маските следната година. За правење на овие маски се користат антитела извлечени од јајца од ној.Ноевите се способни да произведат неколку различни видови на антитела, или протеини кои ги неутрализираат туѓите ентитети во телото, според Kyodo. Во февруари минатата година, тимот инјектирал неактивен и безопасен облик на корона вирусот во женки на ној, успешно извлекувајќи големи количества антитела од јајцата што ги снесле.Тимот потоа развил специјален филтер сместен во внатрешноста на маската за лице, кој може да се отстрани и да се испрска со флуоресцентна боја која содржи антитела од јајцата од ној кон корона вирусот. Доколку е присутен корона вирусот, филтерот ќе свети кога е под ултравиолетова светлина. Тимот на Цукамото го спровел експериментот 10 дена на 32 лица заразени со корона вирусот.Потоа откриле дека сите маски што ги носеле блескале под УВ светлина, која избледувала со текот на времето. Следна цел на тимот на Цукамото е, како што се наведува, да го прошири експериментот на 150 учесници. „Во иднина, сакам да го претворам ова во лесен комплет за тестирање што секој може да го користи“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканДве години од трагедијата во Нови Сад: 16 жртви, три судски постапки без пресудаДенес се навршуваат две години откако 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено, кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица во Нови Сад, Србија. Иако во врска со овој случај се водат три одвоени правни постапки, судењето сè уште не е започнато. Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во инцидентот загинаа четиринаесет лица – меѓу кои и четири деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години – додека три други лица беа тешко повредени; двајца од повредените подоцна починаа во болница. Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир, организиран од студентско движење; други собири се закажани на различни локации низ градот, со почеток уште од 9:30 часот. Во меѓувреме, во Храмот на Свети Сава во Белград, во 9:00 часот ќе се одржи помен што ќе го предводи патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије. Во врска со уривањето на настрешницата, во тек се три одделни постапки – кои ги водат Вишите јавни обвинителства во Нови Сад и Белград, како и Обвинителството за организиран криминал – но, и по две години, судењето за ниту еден од овие случаи сè уште нема започнато. Обвинението опфаќа 13 лица, меѓу кои се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ; неговата помошничка, Анита Димоски; поранешните директори на претпријатието „Инфраструктура на српските железници“ (*Infrastruktura železnica Srbije*), Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан; како и проектантите и други одговорни лица задолжени за реконструкцијата на Железничката станица. Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против само три лица: менаџер за развој во „Инфраструктура на железници на Србија“, претседател на Комисијата за технички преглед на железничката станица и член на истата комисија. Експерти од оваа област сугерираат дека оваа постапка служи за „попречување“ на предметот што моментално се води во Нови Сад. Трет предмет води Обвинителството за организиран криминал и тој сè уште е во истражна фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook