Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
2Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
3Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
СветЈапонската премиерка го распушта парламентот и оди на предвремени избори- сака да си ја зајакне позицијата Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да распише предвремени општи избори, изјави денеска генералниот секретар на нејзината владејачка партија.Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија (ЛДП), за новинарите по состанокот со премиерката. Како прва жена премиер во Јапонија, Такаичи сака да го искористи порастот на јавната поддршка за нејзината влада откако ја презеде функцијата во октомври за дополнително да го зајакне своето парламентарно мнозинство. Сузуки рече дека изборите ќе им овозможат на гласачите да одлучат за новата коалиција на ЛДП со десничарската Јапонска партија за иновации (ЈИП), позната како Ишин. Минатата година, Такаичи ја прекина соработката со долгогодишниот коалициски партнер Комеита. „Една од причините за распуштањето на парламентот е тоа што претходните избори беа одржани под владите на ЛДП и Комеито; јавноста сè уште не го дала својот став за промената на нашиот коалициски партнер“, рече Сузуки. Фокус на потрошувачката и одбраната Премиерката ќе ги презентира своите изборни планови на прес-конференција во понеделник, додаде Сузуки. „Гласањето, исто така, ќе даде можност да се процени јавното мислење за плановите за зголемување на владините трошоци за поттикнување на економскиот раст и зголемување на трошоците за одбрана како дел од ревидираната стратегија за национална безбедност“, рече тој. Минатата недела, извештаите за можни предвремени избори предизвикаа распродажба на јапонскиот јен и државните обврзници, бидејќи инвеститорите се загрижени како една од најзадолжените развиени економии во светот ќе ги финансира плановите за фискална експанзија. Тензии со Кина и планирана посета на САД Веста доаѓа во време на најлошиот дипломатски спор со Кина за повеќе од една деценија, предизвикан од коментарите на Такаичи за Тајван, а пред нејзината планирана посета на Вашингтон и средбата со претседателот Доналд Трамп напролет. Бидејќи времето на изборите би можело да го отежни усвојувањето на буџетот за 2026 година до крајот на фискалната година во март, Такаичи, исто така, разгледува привремен план за трошење, објави весникот „Јомиури“.Тагови: избори премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Предложен притвор за осомничен за избегнување на плаќање акцизаОсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички. Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проектиДенес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година.Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор. Одговорот е многу јасен. Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари. Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура. Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат. Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања. Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата. Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект. Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика. Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните. Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив. Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТ Арена ја отвора новата сезона со нов визуелен идентитет и музички настан за сите граѓаниОд денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија.Т Арена официјално го започнува своето ново поглавје. Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата. Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички настан за сите граѓани, посветен на јубилејот 35 години независна Македонија во рамките на програмата на Владата на Република Македонија. На 2-ри септември, Т Арена ќе биде домаќин на концерт на македонски уметници којшто ќе биде реализиран со поддршка од Македонски Телеком. Деталите за програмата ќе бидат соопштени дополнително од страна на организаторот. „Нашата улога отсекогаш одела подалеку од технологија. Ние сме дел од ова општество и затоа сум особено горд што новата приказна на Т Арена започнува со настан посветен на 35 години независна Македонија – јубилеј што им припаѓа на сите граѓани. Т Арена е наша заедничка визија и верувам дека ќе стане место каде што ќе се одбележуваат уште многу важни јубилеи, ќе се слават големи спортски успеси и ќе се создаваат нови приказни што нè поврзуваат како општество.“- изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком. „Ова партнерство претставува важен чекор во развојот на Т Арена и потврда за нашата заедничка определба да инвестираме во нејзината иднина и во постоечките капацитети на целокупниот Спортски центар „Борис Трајковски“. Почнавме со нов инвестициски циклус за зајакнување и проширување на капацитетите, а планираме и новитети коишто ќе бидат од големо значење за сите посетители. Особено ми е драго што Т Арена ќе продолжи да го гради својот статус во најголемиот спортски центар во земјата којшто е дом на речиси сите спортски селекции, како и место каде што се одржуваат најголемите концерти и културни манифестации.“- изјави Данијел Апостолоски, Директор на СЦ „Борис Трајковски“. Со почетокот на работата на Т Арена, Телеком воведува и нови придобивки за своите корисници. Преку програмата Magenta Moments, корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите коишто ги нуди СЦ „Борис Трајковски“, како и други поволности и искуства во Т Арена. Македонски Телеком веќе 25 години е дел од најзначајните музички, спортски и културни иницијативи, а преку Т Арена дополнително ја потврдува својата долгорочна определба да создава нови вредности и искуства за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20