Јапонската компанија „Фуџифилм“ развива нов тест за коронавирусот

Јапонската компанија „Фуџифилм“ развива нов тест за коронавирусот што треба да овозможи резултатите да се знаат по само два часа од земањето на брисот.

Тестот за ковид-19 ќе биде пуштен во употреба веќе на 15 април, јавија британските медиуми.

Новиот тест треба да овозможи резултатите да се знаат многу побрзо отколку досегашниот пцр тест, на кој му беа потребни од четири до шест часа.

притисни ентер