3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветЈапонска компанија планира изградба на прв нов нуклеарен реактор по ФукушимаКомпанијата „Кансаи Електрик Пауер“ (Kansai Electric Power) денеска соопшти дека планира да почне геолошко истражување за изградба на нов нуклеарен реактор во својата електрана Михама на јапонскиот брег.Ова би претставувало прв нов реактор во Јапонија по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Во моментов, третиот блок е единствениот реактор во функција во електраната Михама, додека другите два блока се пред деактивирање. Од изградбата на третиот блок во електраната Томари, кој почна со работа во 2009 година, во Јапонија не е изграден ниту еден нов нуклеарен реактор.Тагови: Фукушима Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоените морнарици на Израел и Грција изведоа заедничка поморска вежба во Средоземното Море Израелската и грчката морнарица вежбаат откривање и неутрализирање на закани во Средоземното Море, вклучително и уништување на непријателски брод со ракетен оган. Вежбата се одржа неколку дена откако Турција и Либија ратификуваа договор за поморска демаркација на кој се спротивставуваат Израел, Грција, Кипар и Египет, соопшти израелската војска. Во вежбата, која се одржа оваа недела, учествуваа израелски ракетни чамци и бродови од неколку грчки морнарички единици. Ја предводеа командантот на израелската морнарица, вицеадмиралот Ејал Харел и командантот на грчката морнарица, вицеадмиралот Димитриос-Елефтериос Катарас, заедно со началникот на штабот на грчките вооружени сили, генерал Димитриос Цупис, објави „Тајмс оф Израел“. Силите на двете земји вежбаа различни оперативни сценарија, заедничка навигација и одговор на закани на море, соопшти израелската војска. „Вежбата претставува уште еден чекор во продлабочувањето на оперативната соработка меѓу израелската и грчката морнарица, со цел зајакнување на заедничката подготвеност и зачувување на слободата на дејствување во Средоземното Море“, се вели во соопштението на израелската војска. Харел оцени дека стратешкото партнерство со Грција е „значаен фактор што ги зголемува оперативните способности“. Тој додаде дека тоа ја зајакнува способноста на двете земји да дејствуваат заедно во одбранбени и офанзивни операции за зачувување на безбедноста и слободата на пловидба во Средоземното Море. Израелско-грчката поморска соработка се интензивираше во последните години, особено во време на влошување на односите меѓу Израел и Турција. Анкара претходно беше близок регионален партнер на Израел, додека односите меѓу Турција и Грција традиционално беа оптоварени со спорови, објави израелскиот портал.Тагови: грција Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЖивотТаткото на Меган Маркл призна дека плаќал сексуални услуги на Филипините Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините.Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините, но цврсто ги отфрла обвинувањата дека поседувал фотографии и видеа од сексуална злоупотреба на деца. Според британскиот весник „Сан“, полубратот на Меган, Томас Маркл помладиот, тврди дека пронашол контроверзни фотографии и снимки во поранешниот дом на својот татко на Филипините. Наводно, тој пријавил во локалната полиција дека меѓу семејните фотографии пронашол и материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. „Сан“ исто така наведува дека контактирал со ФБИ во јули. Филипинските власти рекоа дека ги истражуваат обвинувањата. Призна дека платил за сексуални услуги Во интервју за „Мејл он Сандеј“, Томас Маркл постариот ги негираше обвинувањата, велејќи дека „никогаш немал сексуални односи со лице под 18 години“. Тој призна дека додека бил слободен, патувал на Филипините најмалку двапати и таму платил за сексуални услуги. „Ми се допаѓаат азиските жени, но тоа не е кривично дело“, рече тој. „Моето здравје не ми дозволува да патувам на Филипините, но сум подготвен да разговарам со секој што сака. Немам што да кријам“, додаде тој. Маркл моментално е во дом за стари лица во Флорида, каде што повторно учи да оди откако му беше ампутирана ногата во 2025 година за време на итна операција.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100. изведбаПред преполна сала, екипата на Народниот театар Битола по 100.пат ја изведе претставата „Кокошка“. Оваа изведба беше и со хуманитарен карактер, па така сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Публиката на Битолскиот театар и овојпат докажа дека знае што значи да се биде хуман. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката доби долготрајни аплаузи. Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ги води посетителите низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. После изведбата 100.изведба беше прославена со торта. Да се множат успешни претстави. Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook