ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЖивотЈапонија го затвора традиционалниот фестивал поради безобѕирните туристи: Вршат нужда во дворовите Јапонските власти во град во близина на планината Фуџи го откажаа овогодинешниот фестивал на цветање на црешите, велејќи дека локалното население не може да се справи со порастот на туристи.Приливот на туристи во градот Фуџијошида доведе до хронични сообраќајни метежи и ѓубре, а некои жители велат дека виделе туристи како влегуваат во нивните дворови и таму вршат нужда. Областа е популарна пролетна дестинација за многумина кои сакаат да ја видат надреалната глетка на јапонските цреши во полн расцут со планината Фуџи во позадина. Но, живописните пејзажи на Фуџијошида го загрозуваат мирниот живот на нејзините жители, објасни градоначалникот на градот, додавајќи: „Имаме силно чувство на криза“. „За да го заштитиме достоинството и животната средина на нашите граѓани, решивме да ја „спуштиме завесата“ на фестивалот“, рече градоначалникот на Фуџијошида, Шигеру Хориучи. Во април 2016 година, властите објавија дека ќе ги отворат портите на паркот Аракурјама Сенген за да ги пречекаат туристите за време на сезоната на цветање на цреши. Паркот нуди панорамски поглед на градот од својата пагода и е популарно место за фотографирање. Властите на Фуџијошида почнаа да организираат годишен настан во паркот Аракурјама Сенген со надеж дека ќе ја зголемат привлечноста на областа и ќе го зголемат бројот на посетители преку создавање жива атмосфера во областа. Сепак, властите велат дека бројот на посетители драматично се зголемил во последните години, преоптоварувајќи го капацитетот на градот и резултирајќи со прекумерен туризам, што има сериозно влијание врз локалната средина. Дури 10.000 посетители дневно го посетуваат градот за време на врвот на сезоната на цветање на црешите. Зголемувањето се должи на фактори како што се слабиот јенот и експлозивната популарност поттикната од социјалните медиуми, објавува Би-Би-Си. Градските власти известуваат дека туристите „отворале врати на приватни домови без дозвола за користење на тоалетот“, влегувале нелегално, фрлале ѓубре и вршиле нужда во приватни дворови и предизвикувале проблеми кога жителите се жалеле. Иако фестивалот нема да се одржи, градот се подготвува за зголемување на посетителите во април и мај. Ова не е прв пат јапонските власти да преземат мерки за справување со туристите кои сакаат фотографии. Во 2024 година, службениците го блокираа едно од најпопуларните места за фотографирање во Јапонија, Фуџикавагучико, со голема црна бариера во обид да ги одвратат туристите кои се однесуваат лошо. Жителите на Фуџикавагучико ги обвинија странските туристи за нелегално фрлање ѓубре и паркирање додека бараа совршена фотографија. Јапонија не е единствената земја што се обидува да ја ограничи пренатрупаноста на туристите. Во понеделник, италијанските власти воведоа такса од 2 евра за пристап до платформата за набљудување на иконската фонтана Треви во Рим, која претходно беше бесплатна за посета. Властите велат дека таксата ќе се користи за управување со бројот на туристи и собирање средства за одржување на споменикот. Во Венеција, еднодневните излетници кои се надеваат дека ќе го посетат италијанскиот град во одредени денови помеѓу април и јули ќе мора да платат 5 евра ако резервираат однапред или 10 евра ако резервираат во последен момент.Тагови: јапонија туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook