Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини - Канал 5

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

Неодамна беше лансиран стандардот „USB4“, кој донесе брзина на пренос на податоци до 40 Gbps, но сега и ова е надминато.

Јапонија ги добива првите „USB4 2.0“ кабли во светот, со неверојатни брзини

„Elecom“ официјално стана првата компанија која ги сертифицираше своите „USB4 2.0“ кабли. Ова се првите „USB4 2.0“ кабли и ветуваат брзини кои се двојно повисоки од стандардните „USB4“.

Компанијата во моментов има за цел да објави две варијанти на своите нови „USB4 2.0“ кабли во декември, а основниот модел ќе понуди брзина на пренос на податоци од 80 Gbps и можност за полнење од 60 W. Вториот модел нуди уште поголема опција за полнење, од 240W @ 48V/5A.

Првите „USB4 2.0“ кабли во светот првично ќе бидат ограничени на јапонскиот пазар. Се очекува за неколку месеци да почнат да се појавуваат и на други пазари.

Интересно е што „Microsoft“ веќе започна со подготовка на „Windows 11“ за „USB4 2.0“ поддршка, а засега не се знае кога оваа поддршка ќе се појави во стабилниот софтверски канал.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Детали за убиството во Бар: Пред пукањето имало масовна кавга и тепачка

На убиството што се случи вчера во Бар му претходеше насилна вербална и физичка пресметка меѓу група мажи. Д.И. (59) и Д.И. (57) беа осомничени и уапсени за ова кривично дело.

Детали за убиството во Бар: Пред пукањето имало масовна кавга и тепачка

Полициските службеници веднаш излегоа на местото на пукањето, каде што го пронајдоа телото на лице идентификувано како М.А. (53) од Бар, со повеќекратни прострелни рани, објави агенцијара Рина.

Преземајќи итни активности за идентификување и лоцирање на осомничените, полициските службеници запреа патничко возило управувано од Д.И. (59) на улицата Београдска, додека Д.И. (57) од Бар беше на совозачкото седиште. Лицата беа донесени во службените простории на Одделот за обезбедување во Бар, каде што им беше одземен револвер „Смит и Весон“.

- Поради видливи повреди на главата и телото, двете лица беа пренесени на лекарска помош, каде што на Д.И. (57) му беа констатирани тешки телесни повреди, по што беше опериран во Клиничкиот центар на Црна Гора, додека Д.И. (59) беше задржан на лекување во Општата болница во Бар - соопшти УП.

При преглед на патничкото возило „Ауди Q7“, управувано од Д.И., пронајден е револвер од непозната марка, за кој постои сомневање дека е употребен при извршувањето на кривичното дело. Преземени се понатамошни активности, вклучително и преглед на станбената зграда што ја користел М.А., при што е запленет пиштол „Взор“.

Со извршените проверки е утврдено дека сите три запленети огнени оружја биле во нелегално поседување, и ќе бидат предмет на понатамошни соодветни форензички вештачења.

Се сомнева дека на убиството му претходело вербален, а потоа и физички конфликт помеѓу горенаведените лица, по што е употребено огненото оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп, следува пријава.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп". Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот.

Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина.

Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер