Јапонците на НБА натпревар покажаа колку се разликуваат од другите навивачи во светот(ВИДЕО) - Канал 5

Јапонците на НБА натпревар покажаа колку се разликуваат од другите навивачи во светот(ВИДЕО)

НБА шампионите Голден Стејт Вориорс одиграа два подготвителни натпревари за новата сезона во Јапонија.

Јапонците на НБА натпревар покажаа колку се разликуваат од другите навивачи во светот(ВИДЕО)

Во петокот ги победија Вашингтон Визардс со 96:87, а денеска беа подобри од истиот противник со 104:95. Стивен Кари беше најдобар стрелец кај Вориорс со 17 поени, а Кристапс Порзингис постигна 18 за Визардс.

На овие игри во Јапонија можеше да се забележи разликата во спортската култура на таа нација во однос на Америка или Европа. Кога играчите ќе застанеа на линијата за слободни фрлања, целата сала целосно замолчуваше од почит кон изведувачот, за да му овозможат мир, тишина и концентрација.

Тој обичај во денешниот случај беше поповолен за Волшебниците, за кои игра локалниот херој Руи Хачимура. Тие погодија дури 27 од 30 слободни фрлања, или 90%, додека Вориорс направија само две третини, 12 од 18 обиди.

Следната година светот многу почесто ќе може да биде сведок на вакви сцени бидејќи Јапонија, заедно со Индонезија и Филипините, е домаќин на Светското првенство во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал

Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“.

Има само еден мал проблем: таква изјава нема.

Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС:

Објавете ја снимката.

Не медиумски наслов.

Не партиска интерпретација.

Не туѓо прераскажување.

Снимката.

Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело.

Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

Во демократијата имаме право на сопствено мислење.

Немаме право на сопствени факти.

А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“.

Сите го гледаат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение за злоупотреби во АД “Државна лотарија”

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Поднесено обвинение за злоупотреби во АД “Државна лотарија”

Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.

Тие биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

И покрај тоа, првиот обвинет генерален директор и претседател на Управниот одбор на “Државна лотарија” на 09.05.2023 година, до третиот обвинет – Генерален секретар на Владата на РМ доставил Информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување на електронските игри на среќа. Во информацијата со предлог заклучоци навел дека вредноста на набавката изнесува 42% од сметководствената вредност на имотот на друштвото, определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото и како таква ќе претставува голема зделка, а нејзиното одобрување е во надлежност на надзорниот одбор на друштвото.

Генералниот секретар на 06.06.2023 година ја предложил оваа информација како дополнување на точка на дневен ред на владина седница, со што постапил спротивно на чл.119 ст.2 од Деловникот за работа на Влада на РМ и не ја вратил информацијата до подносителот односно не ја препратил до надлежниот орган.

Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво.

Доставената информација била усвоена и Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија било задолжено да ги преземе потребните активности за започнување на самостојно приредување на електронски игри на среќа и спроведување на јавна набавка на видеолотариски терминали.

Останатите обвинети, претседател и членови на Надзорниот одбор, иако знаеле дека законската процедура не е испочитувана, донеле одлука со која го одобриле отпочнувањето на постапката за јавна набавка на видеолотариски терминали за приредување електронски игри на среќа како голема зделка. Јавната набавка се реализирала и биле преземени обврски за исплата со кои на АД Државна лотарија била нанесена штета во наведениот износ.

Имајќи предвид дека првиот обвинет сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, не е пронајден и лишен од слобода речиси една година, јавниот обвинител за него побара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена.

За вториот обвинет предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во Судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роџер Федерер веќе не е милијардер

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот, Роџер Федерер повеќе не е милијардер, флуктуациите на берзата го чинеле десетици милиони долари, а неговото нето-богатство сега изнесува 952 милиони.

Роџер Федерер веќе не е милијардер

Федерер се најде на листата на милијардери по завршувањето на својата тениска кариера, благодарение на многу промислени и паметни инвестиции во разни бизниси, но ова е и категорија што може да биде многу „нестабилна“.

Во еден ден, Федерер изгуби десетици милиони поради флуктуациите на берзата, откако акциите на луксузниот бренд „On“ забележаа пад поради послабата продажба од предвидената, тоа се одрази и врз сметката на славниот Швајцарец.

Падот од 19 отсто го чинеше Федерер најмалку 52 милиони долари, пишуваат американските медиуми, потсетувајќи дека тој поседува удел од 2,5 отсто во оваа компанија.

Акциите првпат се појавија на Њујоршката берза во 2021 година и нивната вредност вртоглаво порасна, особено минатата година, кога Федерер за првпат официјално беше вброен меѓу милијардерите.

„Форбс“ проценува дека нето-вредноста на имотот на Федерер сега изнесува 952 милиони долари, што е значително помалку од минатата година, кога неговото богатство се проценуваше на 1,1 милијарда долари.

Швајцарскиот бренд „On“, кој потекнува од Цирих, денес важи за еден од препознатливите производители на патики за трчање. Федерер првпат се вклучи во работата на компанијата во 2019 година, преземајќи ја улогата на сосопственик и неформален моден консултант, при што наглиот раст во претходната година се поврзуваше и со специјалната линија на Федерер, „The Roger“.

Инаку, кон крајот на својата играчка кариера, Федерер почна да истражува можности за инвестирање, а една „локална“ компанија од Цирих се покажа како една од најпримамливите.

Неговата сопруга Мирка носеше патики од овој бренд, кој во тоа време беше фокусиран на обувки за трчање. Компанијата беше основана од Швајцарци, поранешни спортисти, кои сакаа на своите колеги да им понудат соодветна опрема за рекреација и натпреварување. Меѓу основачите е Оливер Бернхард, швајцарскиот „Ајронмен“ (Ironman), кој развиваше сосема нова технологија за производство на спортска опрема, но „Најк“ (Nike) – компанијата со која тој тогаш соработуваше – не сакаше да започне нов проект.

Од турнири Роџер Федерер има заработено 130 милиони долари и се наоѓа на третото место на „вечната“ листа, зад Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз; сепак, само прашање на време е кога Алкараз и Јаник Синер ќе го престигнат, едноставно затоа што паричните награди во „нивно време“ се многу повисоки.

Од друга страна, Федерер секогаш заработуваше многу пари и надвор од теренот. Имаше неколку силни спонзорски договори, а во 2018 година потпиша и со „Уникло“ (Uniqlo) за сума од 300 милиони долари. Во Азија добро знаеја дека Федерер ќе го помине „половината“ од времетраењето на договорот во пензија, но тоа не им пречеше особено, додека Швајцарецот сакаше да му се „одмазди“ на американскиот гигант „Најк“ по 24 години соработка.

Роџер Федерер сè уште има огромни договори со спонзори, но постои голем интерес за соработка со него дури и кај компании што претходно не го спонзорирале.

Едноставно кажано, Роџер Федерер е многу привлечен за корпорациите – како поради својата беспрекорна кариера, така и поради начинот на живот по повлекувањето од спортот.

Швајцарецот не е поврзуван со скандали, неговото семејство живее мирно, а постојат големи шанси некое од неговите деца да се обиде во светот на тенисот, што би го ставило целото семејство во центарот на вниманието и со тоа би донело профит за компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер