3Отфрлена ракета на Маск ќе се судри со Месечината- експлозијата се очекува во среда и ќе има сила како 3 тони ТНТ
ЖивотЈапонците измислија нов спорт- одржано е Светско првенство во чистење ѓубре (ВИДЕО)Минатата недела во Токио се одржа првото светско првенство во собирање ѓубре, наречено SpoGomi (комбинација од зборовите спорт и гоми, што на јапонски значи ѓубре).На улиците на главниот град тимови од 21 земја, вклучително и домаќинот, се натпреваруваа со цел да соберат што е можно повеќе ѓубре за еден час. Веројатно звучи изненадувачки што победата им припадна на гостите од Велика Британија кои дома го однесоа првиот, историски трофеј. Собрале 58 килограми ѓубре и заработиле 9.046 поени. „Другите тимови можеби беа повеќе еколошки ориентирани, помалку спортски, а ние бевме спротивно. Од друга страна, научивме што е потребно за чистење на океаните и намалување на отпадот“, изјави Сара Пари, капитен на британскиот тим. Севкупно, тимовите подигнале 548 килограми ѓубре од улиците на Токио, а бодовите биле доделени врз основа на видот на отпадот, пренесува News York Post. Освен тоа, не смееле да земаат смет од приватни имоти. Домашниот тим бил малку разочаран, бидејќи не победиле. „Сакавме да триумфираме, но се надевам дека со текот на времето повеќе луѓе ќе се интересираат за прашањето на животната средина“, изјави Томо Такахаши, капитенот на јапонскиот тим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПовторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано Шон Диди Комбс ќе биде ослободен од затвор порано од планираното, и покрај неговата неодамнешна вмешаност во тепачка што го одведе во самица. Диди Комбс (56), кој беше ослободен од најтешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање минатиот јули, но беше осуден за организирање проституција, треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година, според новите податоци. Хронологија на промените на датумот на ослободување Комбс првично требаше да биде ослободен од затвор на 8 мај 2028 година, но датумот подоцна беше поместен за 4 јуни истата година поради обвинувања дека консумирал алкохол и остварил нелегален телефонски повик додека бил во затвор. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата. Во октомври минатата година, датумот на ослободување беше поместен за 25 април 2028 година, врз основа на законот FIRST STEP Act, реформа на затворскиот систем донесена за време на мандатот на Доналд Трамп, со што се овозможи предвремено ослободување на десетици илјади осуденици. Датумот потоа беше ревидиран на 15 април 2028 година, а минатиот месец повторно беше поместен на 23 февруари 2028 година. Според најновите податоци од Федералното биро за затвори, Комбс сега треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година. Федералното биро за затвори не сакаше да објасни зошто датумот е повторно променет. „Поради приватноста и безбедноста, не коментираме за условите на затворениците, вклучително и плановите за ослободување или причините за промена на датумите за ослободување“, изјавија тие за Дејли меил. Тепачка во затворот Новата затворска казна беше објавена една недела откако Комбс се тепаше со друг затвореник во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Според TMZ, кој се повикува на повеќе извори, раперот нападнал друг затвореник откако бил вербално навредуван. Изворите тврдат дека по туркањето избувнала тепачка. Чуварите брзо интервенирале и ги разделиле, а Комбс наводно завршил во самица по инцидентот. Портпаролот на затворот Форт Дикс одби да потврди дека инцидентот се случил. „Не објавуваме информации за сместувањето на затворениците, ниту коментираме дали некој е предмет на обвиненија, истраги или дисциплински мерки“, изјави тој за Дејли Меил.Тагови: Пи Диди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)Најмалку 25 лица загинаа, а 44 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кога автобус падна во клисура во покраината Бумердес, во северен Алжир, соопшти Цивилната заштита.Несреќата се случила на регионалниот пат RN24, кога автобусот што патувал од Сетиф се лизнал и паднал во клисурата, објавува порталот TSA Algerie. Причината за несреќата сè уште не е објавена. 🚨 فاجعة ببومرداس.. 6 وفيات و30 مصابًا في حصيلة أولية إثر انقلاب حافلة وسقوطها في منحدر أعلنت مصالح الحماية المدنية تسجيل 6 وفيات و30 مصابًا كحصيلة أولية، إثر حادث انحراف وانقلاب حافلة لنقل المسافرين وسقوطها في منحدر بالطريق الاجتنابي برحمون الكرمة، ببلدية ودائرة بومرداس. pic.twitter.com/YRpfgAXRTd — ARABIA 24 - أرابيا 24 (@ARABIA24DZ) July 31, 2026 Цивилната заштита на Алжир распоредила големи човечки и материјални капацитети, вклучувајќи 11 возила на брза помош, а спасувачката операција продолжила до раните попладневни часови. 21 enfants morts dans un accident de bus à Boumerdes, les victimes sont originaire de la ville de Sétif qui venaient passer des vacances à la mer Allah y rahmom 😢🤲🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿 pic.twitter.com/VCV5gXkgwv — Nisrine 💖💞🎀 (@nisrinenaya) July 31, 2026 На местото на несреќата отиде и алжирскиот премиер Сифи Гриб, кој ја обиколи областа.Тагови: Алжир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗабаваХејли Бибер облече мини бикини од колекцијата на Кајли Џенер (ФОТО)Откако Khy, модниот бренд на Кајли Џенер, и популарниот бренд за костими за капење Frankies Bikinis лансираа заедничка колекција, Хејли Бибер покажа еден од новите модели на Инстаграм. Бибер и Џенер се познати по честите фотографии во костими за капење, па затоа не е изненадување што Хејли беше меѓу првите што носеа парче од колекцијата на нејзината најдобра пријателка. Во понеделник, 29 јули, Бибер сподели серија нови фотографии на Инстаграм, каде што има 58,2 милиони следбеници. Меѓу нив беше и селфи направено на даска за веслање, на кое позира во розово бикини. На фотографијата, таа е без шминка, а нејзиното лице изгледа свежо и сјајно. Бикини од новата колекција Станува збор за дводелен костим за капење со метален ефект во светло розова, речиси магента нијанса. Комплетот се состои од многу мал горен дел и долен дел од потесен крој. Цената на комплетот од колекцијата Khy x Frankies Bikinis е 235 евра. Горниот дел чини 130 евра, а долниот дел чини 105 евра. View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) Иако колекцијата ја промовираа Кајли Џенер и Хејли Бибер, костимот за капење е сè уште достапен за купување во неколку големини. @frankiesbikinis someone is always watching in this city. fever dream, the second chapter of @Khy by Kylie Jenner ♬ original sound - Frankies Bikinis Одраз на модните трендови Целата колекција се карактеризира со животински дезени, контрастни рабови и бои инспирирани од естетиката на почетокот на 2000-тите, со што ги следи актуелните трендови во дизајнот на костими за капење.Тагови: хејли бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook