Јанушев од Кочани: На граѓаните им е веќе доста од лаги, манипулации и криминал

„Преку глава му е народот, без разлика дали е обичниот народ, дали се стопанственици или младите, доста му е од лагите, манипулациите и криминалот, од Зоран Заев и од Љупчо Николовски.“

Пораката што денеска ја добивме од средбите со преставници на бизнис-секторот и со младите од Кочани е дека им е доста од криминалното однесување на актуелната власт и дека наскоро ќе биде ставен крај на тоа, истакна носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јанушпев, по средбата со членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.

– Преку глава му е народот, без разлика дали е обичниот народ, дали се стопанственици или младите, доста му е од лагите, манипулациите и криминалот, од Зоран Заев и од Љупчо Николовски. Тие немаат што да понудат освен криминали, наместени тендерии збогатување преку ноќ, а на тоа му доаѓа крајот. По 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе формира и ќе ја предводи владата, а потоа ќе го донесеме законот за проверка на имотот на политичарите. Така ќе видиме кој и дали ќе остане на политичката сцена во Република Македонија. Сето ова што можевме да го видиме во изминатите три и пол години ќе го оставиме во историјата, а дефинитивно сите оние кои се огрешија, сите кои што ги правеа криминалите ќе завршат онаму каде што им е местото, истакна Јанушев.

Тој им вети на младите поддршка од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во поглед на образованието и вработувањето.

– Се обврзуваме да обезбедиме услови за вработување на повеќе од 50 илјади млади за период од четири години, како и загарантирана работа на 500 најдобри студенти од државните универзитети. Ќе обезбедиме целосни стипендии за постдипломски студии за најдобрите пет проценти од студентите на додипломски студии, а износот наменет за студентски стипендии ќе надмине 10 милиони евра. На младите им треба надеж за подобра иднина и за да останат во државата, да се врати достоинството и конечно ние да се чувствуваме како граѓани од прв ред и горди што сме Македонци, нагласи Јанушев. /МИА

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер