Јанушев, Кирацовски и Асани повикаа на фер, регуларни и чисти избори в недела

Шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати  денеска заедно апелираа до сите граѓани, политички чинители, медиумите и сите останати за фер, регуларни и кристално чисти избори в недела на 21-ви април.

Шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати Игор Јанушев, Александар Кирацковски и Флорин Асани денеска заедно апелираа до сите граѓани, политички чинители, медиумите и сите останати за фер, регуларни и кристално чисти избори в недела на 21-ви април.

Јанушев ги повика граѓаните најмасовно што може да излезат и да го искористат своето демократско право на глас.

– Посакувам фер битка на 21 – ви април, како на претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски, така и на претседателскиот кандидат Блерим Река. Од власта очекуваме како најодговорна да спроведе фер и демократски избори, изјави Јанушев, додавајќи дека граѓаните знаат да ја препознаат вистинската личност за која треба да го дадат својот глас.

Асани осврнувајќи се на тоа дека досега кампањата била проевропска кампања, без инциденти, ги повика граѓаните на 21- ви април да гласаат за кандидатот на кој му веруваат.

Кирацовски повика заедно да покажат висока демократска зрелост, политичка свест и да овозможат граѓаните на мирни, слободни, фер избори, слободно да ја изразат својата воља.

– Институциите на сиситемот, согласно информациите кои ги имам, се комплетно подготвени да овозможат слободен, регуларен, фер изборен процес и изборен ден, рече Кирацовски, додавајќи оти овие избори не се само за претседател, туку преку овие избори ќе покажеме и ќе потврдиме дека сме достојни на патот кон евроатлантските интеграции.

Оливер Деркоски претседател на ДИК, посака да победи подобриот, оној за кој граѓаните мислат дека треба да ја добие довербата. Подвлече дека оваа кампања поминува во релативно мирна атмосфера и така треба да продолжи и во иднина треба, рече, да се одвиваат кампањите без разлика кој е власт и опозиција.

На новинарско прашање колку ќе чинат претседателските избори, Деркоски информира дека финансискиот план од буџетот е одобрен за 299 милиони денари.

– Досега се движиме во таа рамка, водиме сметка за разционално трошење на средствата. Мислам дека и оваа кампања, како и минатата за референдумот ќе потрошиме помалку од предвидените средства, рече претседателот на ДИК

Инаку, според податоците на ДИК, утре ќе гласаат околу седум илјади граѓани и тоа 1.640 во КПУ, седум внатрешно раселени, 1.781 во ДКП, . 71 старечки домови и вкупно 3.539 болни и во куќен притвор. /МИА.

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Аксиос: САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас

САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас, Израел не го информирале.

Израелските власти тврдат дека САД биле запознаени со елементите на изменетиот египетско-катарски предлог за прекин на огнот во Газа, но за тоа не го информирале Тел Авив пред Хамас да го прифати предлогот во понеделникот, пишува американскиот портал Аксиос.

Тројца израелски функционери тврдат дека соопштението на Хамас во понеделникот ја изненадило израелската Влада и дека Израел го добил текстот на одговорот на групата од посредници еден час откако Хамас јавно го објави соопштението.

Кога Израелците го прочитаа одговорот на Хамас, беа изненадени бидејќи видоа дека тој содржи „многу нови елементи“ кои не беа дел од претходниот предлог со кој се согласи Израел и кој пред десет дена САД, Египет и Катар му го претставиле на Хамас, изјавија официјални лица.

„Изгледаше како сосема нов предлог“, рече еден функционер.

Двајца високи израелски функционери велат дека Египќаните му дале нов предлог на Хамас без координација со Тел Авив, за време на престојот на групата во Каиро за време на викендот. Извор запознаен со предлогот рече дека САД ги поканиле Израелците во Каиро во текот на викендот, но Тел Авив одлучил да не го испрати тимот, што според нив е грешка, бидејќи довело по помала видливост на Израел за време на разговорите.

Аксиос наведува дека овој инцидент довел до разочарување и сомнеж кај високите израелски функционери во однос на улогата на САД во преговарањето на договорот за заложници, што може негативно да влијае на идните преговори. Висок американски функционер, од друга страна, тврди дека САД биле во контакт со израелската страна и дека „тоа не било изненадување“. Официјалниот претставник, исто така, рече дека администрацијата на Бајден го гледа одговорот на Хамас како контрапредлог, а не како нов предлог.

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.

притисни ентер