Јансруд триумфираше во супервелеслалом - Канал 5

Јансруд триумфираше во супервелеслалом

Норвежанецот Кјетил Јансруд ја обезбeди титулата во супервелеслалом во Светскиот куп, откако триумфираше во Квитфјел пред домашната публика.

Јансруд триумфираше во супервелеслалом
Ова е трет мал кристален глобус за Јансруд во последните четири години.

Тој трката ја заврши со време од 1:33.21 минути, а Беат Фојц од Швајцарија беше втор со време од 1:33.43 минути. Французинот Брис Роже со време од 1:33.54 минути заврши трет.

Најголемиот конкурент на Јансруд во борбата за малиот кристален глобус неговиот сонародник Аксел Свиндал не успеа да ја заврши трката./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот  на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.

Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.

Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика. Во 2022 година ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело.

Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др. Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати

 Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез.

Ужасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати

Тој изјави дека бројот на повредени во земјотресите што се случија на 24 јуни останал непроменет и изнесува 16.740, пренесе Ројтерс.

Родригез наведе дека 17.907 лица останале без дом. Два силни земјотреса ја погодија Венецуела на 24 јуни – првиот, со јачина од 7,2 степени, погоди област на околу 160 километри западно од Каракас, а по 39 секунди уследи уште посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џиџи Хадид објави ретка фотографија со Бредли Купер

Популарниот холивудски пар манекенката Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер не сака да ја експонира својата врска, а сега ги изненади сите со кадри од одморот на Инстаграм.

Фото: Џиџи Хадид објави ретка фотографија со Бредли Купер

Еден од најбараните модели, Џиџи Хадид (31), и холивудскиот актер Бредли Купер (51) се пар што привлекува големо внимание во светскиот шоу-бизнис.

Нивната романса првпат стана јавна кон крајот на 2023 година, кога се појавија гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Со текот на времето, тие станаа сè поблиски, а извори блиски до парот наведоа дека нивната врска се заснова на разбирање, поддршка и заедничко време што успеваат да го најдат и покрај бројните деловни обврски.

Според информациите, Џиџи и Бредли не брзаат со носење важни животни одлуки, туку уживаат во врската што постепено ја градат, иако се ширеа гласини дека актерот веќе ја побарал раката на својата избраничка.

Наводно, Бредли совршено се вклопил во кругот на семејството и пријателите на Џиџи, а оние што ги познаваат забележуваат колку е опуштена и среќна манекенката кога е со него.

Особено е значајно тоа што нејзиното семејство позитивно гледа на нивната врска и го цени начинот на кој актерот се однесува кон неа. Џиџи сега ги објави првите заеднички фотографии од одморот, а коментарите од воодушевените фанови постојано пристигнуваа:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер