3Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции
МакедонијаЈанкуловски: Владата го планира Буџетот врз основа на сериозни проекции, во 2026 е планиран попис во земјоделствотоСобранието денеска во рамки на 73. седница ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Македонија за 2026 година. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата ги вкрстија ставовите во однос на планираниот буџет за следната година. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, одговарајќи на забелешките на опозоцијата во однос на Дополнетиот буџет рече дека Владата сериозно го планира Буџетот врз основа на проекции на Министерството за финансии, макроекономските проекции на Народната банка, партнерите како Светска банка и ММФ, на реалните економски показатели, очекуваните приходи и расходи, како и секако приоритетите утврдени со владините политики и програмски цели. -И кај царините и кај даноците гледате дека не во мал обем се зголемени приходите за разлика од претходната година како се зголемувале во минатото, туку во многу поголем процент од тоа. Она каде што сте замижувале и не сте наплаќале даноци за лични интереси, приватни контакти и.т.н сега тоа не е така. Кај Царинската управа видете ги бројките, споредете ги. Ќе видите во колкав процент се зголемувале претходно, во колкав процент се зголемуваат сега. Е сега работа има за Обвинителството тука, сега зошто тоа не се случува тоа не е работа на Владата. Тоа е работа на истражните органи коишто треба да видат дали ова што го говориме врз основа на бројките е точно или не е точно, рече Јанкуловски реплицирајќи на говорот на Јован Митрески од СДСМ. Во Дополнетиот предлог Буџет се предвидени и средства за попис во земјоделството во 2026 година. - За пописот за 2026 е планиран попис во земјоделството и тој попис ќе го реализира Владата, да добиеме релевантни бројки врз коишто ќе ги фиксираме идните политики на Владата, и скратено е во одделни ставки на расходната страна од Буџетот. Најмногу е скратено во оние сектори каде што најмногу се крадело од претходната Влада, рече Јанкуловски. Според Митрески од СДСМ, власта и опозицијата како да живеат во два, како што кажа, тотално различни светови и 2026 година ќе биде полоша година од оваа, имајќи ги предвид и глобалните економски текови. Митрески рече дека во Дополнетиот предлог на Буџетот што беше вратен во Собранието има разлики од оној што беше вратен по собраниската Комисија до Владата односно дека има додадени ставки. Меѓудругото, рече дека четири милиони се скратени за земјоделците, додека во делот на Статистика има додадено 5,5 милиони за попис, но оти има промени и во делот на капиталните инвестииции и друго. Митрески вели дека овој Буџет има и „математичка грешка“. -Овој Буџет не е развоен, нема допирна точка со реалноста и ние нема да го гласаме, рече Митрески. Пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за планираниот Буџет за следната година во делот на туризмот и културата, нагласувајќи дека за промоција на овие сектори се планирани 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година. - Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ. За жал, посочи Петкоска, поминавме години кога и небото не беше граница за висината на јавниот долг, а дното на буџетската дупка немаше крај, но за среќа денес говориме за стабилизирање на јавните финансии со, буквално, воена дисциплина при трошењето на народните пари. -Инвестициите, инфраструктурните проекти, поддршката на приватниот сектор, како и транспарентноста и отчетноста во работата кои веќе станаа препознатливи и видливи во работењето на Владата, ми даваат за право, конечно да бидеме горди на фактот што после долги години говориме за последователен економски раст. Денес имаме реални инвестиции, а не трансфери кои завршуваа за исплати на плати. Денес имаме држава што инвестира и Влада што знае што прави, затоа што за оваа Влада зборот навистина има тежина, истакна Петкоска. Во Буџетот за 2026 година, како што кажа таа, туризмот добива 32 милиони 260 илјади денари повеќе. Според неа, средствата за туризам сè уште не се доволни, но сепак, зголемувањето е охрабрувачки правец во интерес на целокупниот македонски туризам. - Од огромна важност е да се напомни дека имаме 40,5 милијарди денари капитални инвестиции за 2026 година, средства во кои спаѓаат патна и комунална инфраструктура, железничка инфраструктура, поддршка на општините, културна заштита и т.н. Секој пат што се гради, секој локален проект што се финансира, секоја подобрена инфраструктурна точка, директно го зголемува туристичкиот потенцијал, бидејќи туризмот е резултат на инвестиции во инфраструктурата, рече Петкоска. Дебатата за Дополнетиот Предлог Буџет продолжи со ображањето на пратеничката Рина Ајдари. Ресорната министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вчера истакна дека се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП. Тагови: Предлог буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининзи за рак на простата во „Железничар“ „Едно боцкање спасува живот, редовни контроли за навреме да се открие дали има заболување“, изјави Клековски.Во здравствениот дом „Железничар“ од овој четврток до крај на месецот ќе има бесплатни тестирња за рак на простата. Бесплатниот скриниг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампњата „Мовембер“, месец кога мажите треба да направат контрола и да разговраат доколку имаат проблеми. Најчесто голем дел од мажите не сакаат да говорат за своите проблеми и затоа треба да има зголемена свестност. „Треба да се работи на свесноста, редовните прегледи е здравје за себе, но и мира за целото семејство“, изјави Влатко Ужевски. Од здравствениот дом објаснуваат дека секоја година се зголемува бројот на заинтересирани се зголемува но и кај голем дел од пациентите навреме се реагира доколку има отстапки во испитувањата. Министерот Клековски посочи дека ќе се работи на подоборување на системите за закажување на прегледи и исто така вакви акции ќе има и во другите градови во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСОВладата нема да бара покачување на цената на електричната енергија и покрај алармантната состојба на светските берзи, но дали и колку таа ќе се зголеми ќе зависи и од ЕВН и МЕПСО.Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните од 1 јануари ќе плаќаат поскапа струја. Тој посочи дека е договорено АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум да достави понуда со иста цена како минатата година. – Што се однесува до државата ние ќе се обидеме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Направивме еден бизнис план со кој што нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде со иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија е АД ЕСМ и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит, кој што би го остварила оваа компанија, таков е овој бизнис модел што го креиравме и да видиме сега дали ќе функционира,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. За разлика од струјата, кај парното поскапувањето ќе биде неизбежно. Мицкоски рече дека барањето за покачување на цената е значително, особено поради трикратно повисоката цена на гасот во однос на истиот период лани, но дека Владата ќе се обиде поскапувањето да го сведе на минимум. - Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување, многу големо. Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за ист период, но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум . може да се издржи и со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата и електричната енергија и затоплувањето во Европа,- ,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа и дека го добиле одговорот на студентите за промена на моделот на финансирање на студентскиот оброк. Најави дека повисок износ ќе добиваат од следната учебна година, а во тек е и активирањето на онлајн платформата М-Услуги, преку која ќе го остваруваат ова право. Дополнително, студентите ќе можат да користат и попусти во одредени угостителски објекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоНатпросечно високи температури – од утре големо заладувањеНевообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми. Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани. „Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош. Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување. Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter