Јанкулоска: Македонија меѓу најдобрите во борбата против трговијата со луѓе

Република Македонија е рангирана во групата држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе со што е дел од 31 земја заедно со САД, Велика Британија, Австралија, Австрија, Финска, Франција, Германија од вкупно 187 држави во светот во најновиот глобален извештај на американскиот Стејт департмент кој ја оценува глобалната состојба во борбата против ова „современо ропство“.

Ова го изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на заедничката прес-конференција во МВР со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик амбасадорот на САД во Македонија Брајан Агелер по повод синоќа објавениот Извештај на американскиот Стејт департмент посветен на трговијата со луѓе за 2012 година.

- Рангирањето на Република Македонија во најновиот Извештај на Стејт департментот за 2012 година во групата ТИЕР-1 држави претставува уште едно значајно постигнување за земјата и уште една јасна потврда за нашиот континуиран ангажман и посветеност во справувањето со овој облик на организиран криминал. Особено голема статисфакција за нас е фактот што во Извештајот прецизно се нотира дека Владата го одржува своето енергично гонење за прекршителите кои работат со трговија со луѓе вклучително и јавни службеници поврзани со трговијата со луѓе, рече Јанкуловска.

Таа притоа посочи дека минатата година кривично се пријавени и осудени и службени лица од министерствата за внатрешни работи и за правда за кривични дела поврзани со трговијата со луѓе.

- Морам да истакнам дека ние заедно со Словенија сме единствените земји во ТИЕР 1 групата од поширокиот балкански регион, односно единствена држава од земјите кандидати за членство која еве со години по ред е рангирана рамо до рамо со најразвиените западни држави. За разлика од нас, земји кои се членки на ЕУ како Романија, Грција и Бугарија се рангирани во втората група на држави односно ТИЕР 2 земји кои нецелосно ги исполнуваат минималните стандарди во борбата против трговијата со луѓе, рече Јанкуловска.

Таа посочи дека воопшто не е случајна и незаслужена оценката на Стејт департментот за нашата ефективност и ефикасност во борбата против трговијата со луѓе.

- Македонската полиција минатата година евидентираше четири кривични дела, трговија со луѓе при што кривично се пријавени седум случаи, а во еден од нив жртва е и малолетно лице. На сите идентификувани жртви им е пружена и правна здравствена и психосоцијална помош, рече министерката за внатрешни работи.

Заменик амбасадорот Агелер и честита на Македонија што уште еднаш го постигна статусот од прв степен против трговијата со луѓе.

- Ова достигнување ги покажува заложбите на Владата на Македонија против овој ужасен криминал. САД се среќни што Македонија е партнер во кампањата за спречување на трговијата со луѓе и се надева на натамошна соработка и за други прашања од витално значење за владеење на правото, рече Агелер.

Тој потенцира дека од клучно значење за ефективна борба против трговијата со луѓе била соработката и координацијата на МВР со Министерството за труд и социјална политика, како и нивната соработка со невладиниот сектор.

Според проценките 20 милиони луѓе годишно се жртви на трговија со луѓе. Македонија и во овој најнов Извештај е препознаена како земја извор, транзит и дестинација на деца, жени и мажи кои се жртви на трговија заради сексуално искористување или присилна работа./MИА

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.

На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.

Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер