СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураЈаневска: Владата дејствува и ќе дејствува од позиција на третман на културните различности како светско богатствоОвој пат, тоа се главно писателите родени во четвртата деценија од 20 век, бидејќи, тогаш се родени многу од авторите што ќе придонесат за жанровската, поетска и стилска разновидност и за развојот на современата македонска книжевност. Во годината кога славиме 80 годни од стандардизацијата на македонскиот јазик, убаво е уште еднаш да се потсетиме на зборовите на Блаже Конески, кој вели: „За нас јазикот претставува, со сè што е на него создадено како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина.“ Неговата мисла ја потенцирам сега и тука, затоа што и оваа меѓународна македонистичка конференција која ја организира Институтот за македонска литература при УКИМ со поддршка на Министерството за образование и наука, става акцент токму на пишаниот книжевен текст и на неговите врски со говорната традиција. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на Меѓународната научна конференција „Книжевни проекци 2025: Година на значајни јубилеи“. Обединети, како што рече, ја славиме посебноста на македонскиот народ, преку истакнување на делото на писателите и писателките кои се трајно запишани во историјата на македонската книжевност. - Овој пат, тоа се главно писателите родени во четвртата деценија од 20 век, бидејќи, тогаш се родени многу од авторите што ќе придонесат за жанровската, поетска и стилска разновидност и за развојот на современата македонска книжевност. Секако, не ги забораваме и сите други кои се родени и делувале во други временски периоди, оставајќи печат и помагајќи во афирмацијата на македонската книжевност. Ако ги гледаме бројките, македонската книжевност е „мала“ книжевност. Но, истовремено и голема, ако ја гледаме низ призма на создадените книжевни ремек-дела. Токму затоа што македонските говорители не се многубројни, ние како Влада имаме за цел да ја зголемиме нејзината видливост во светски рамки, истакна Јаневска. Таа потенцира дека посебно значајни се странските македонисти, кои се културни амбасадори на Македонија во своите средини, како и преведувачите. - Веќе е јасно дека културната различност на светот може да биде место на раздор, но и место на средба. Оваа Влада дејствува и ќе дејствува од позиција на третман на културните различности како светско богатство за кое треба да се води исклучителна грижа. Почитувајќи ги сите култури, акцент ставаме на посебната македонска култура, која значајно придонесува за унапредување на универзалните човечки вредности, опишани во делата кои се предмет на интерес на оваа конференција, рече министерката Јаневска. Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска информира дека конференцијата е посветена на македонските книжевни дејци родени во четвртата деценија на 20 век и на уште некои значајни јубилеи кои, како што рече, не можевме да ги одминеме. Тоа се: 125 години од раѓањето на Ристе Крле, 105 години од раѓањето на Славко Јаневски и 25 години од неговата смрт, 95 години од раѓањето на Георги Сталев Поповски, Димитар Солев, Ката Мисиркова Руменова, Симон Дракул и Бистрица Миркуловска, 90 години од раѓањето на Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Слободан Мицковиќ, Лилјана Белева, Гордана Михаилова-Бошнакоска и други. Учесниците предложиле да се одбележат и 55 години од раѓањето на поетот Игор Исаковски (1970-2014). Според проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтит за македонска литература при УКИМ - Скопје со чествувањето на овие македонски автори, како што рече, ги предаваме корените на современата македонска книжевност на идните генерации, поттикнуваме нови љубопитства и секое споменување на она што е напишано на македонски јазик всушност претставува една самоидентификација. - Ние се наоѓаме во таа средина и на некој начин го формираме македонскиот идентитет, она со што сите ние се поистоветуваме, посочи Георгиевска-Јаковлева. На отворањето на конференцијата присуствуваа декани, директори на јавни научни установи, универзитетски професори и семејства на авторите чие дело се одбележува денес. Тагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter