Јаневска: Сериозно се обидуваме да го намалиме одливот на студенти - Канал 5

Јаневска: Сериозно се обидуваме да го намалиме одливот на студенти

Процентот на одлив на студенти треба да го пресметаме според бројот на запишани студенти, не според бројот во распишаниот конкурс, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на студенти.

Јаневска: Сериозно се обидуваме да го намалиме одливот на студенти

Процентот на одлив на студенти треба да го пресметаме според бројот на запишани студенти, не според бројот во распишаниот конкурс, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на студенти и дали тие ги напуштаат факултетите кога одат на размена во странство.

-Кога ќе отидат на размена, тие не можат да останат таму, тие одат од земјава откако, генерално, завршуваат со своите студии, што сериозно се обидуваме да го намалиме, давајќи стипендии и правејќи подобри услови, рече Јаневска.

Посочи дека во тек е анализа за утврдување на квотите за запишување студенти на јавните универзитети и појасни дека процентот на одлив е реално помал затоа што треба да се пресметува според број на запишани студенти, а не според бројот на слободни места во распишаниот конкурс.

-Бидејќи универзитетите односно факултетите распишуваат слободни места според број на студенти што ги добиле со акредитација, кога на крај ќе сумираме излегува бројката на одлив на студенти поголема отколку што реално е. Бројот на одлив на студенти треба да го пресметаме според бројот на запишани студенти, не според бројот во распишаниот конкурс. Зошто е тоа така досега правено не е ни важно, сега тоа ќе го доведеме во ред. Зашто ако слободните места се 20 000, а се запишат само 10 000, тогаш процентот на одлив во однос на 10 000 е многу помал отколку кога би го сметале во однос на 20 000, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

За да се задржат студентите, рече, се подготвува нов закон за високо образование, се предвидуваат нови, модерни студиски програми кои ќе ги заинтересираат студентите, се планира многу повеќе практична работа во јавните институции и во компаниите.

-Ги правиме сите напори, за десет месеци толку се може, тоа е реалноста. Следната година се надевам ќе биде многу подобро и дека тој одлив на наши мозоци кои одат во странство ќе го сведеме на минимум, истакна Јаневска.

Во моментот, рече, се подготвува конкурсот заедно со Секторот за високо образование.

Како што посочи ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Биљана Ангелова, Конкурсот за запишување студенти во прва година за академската 2025/2026 година е усвоен од Ректорската управа и е доставен до МОН.

–Очекувам во најскор рок, во јуни веќе да го имаме конкурсот за наредната година, рече Ангелова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина.

Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии.

Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион.

Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот.

Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната.

На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени

Времето утре ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Тетово, 13 Охрид, 14 Претор, Прилеп, 15 Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид 17 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 18 Штип, Демир Капија, 19 Струмица, 20 Кавадарци, 22 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

18 Лазарополе, 11 Пожаране, 10 Охрид, 9 Попова Шапка, 7 Крушево, 6 Крива Паланка, 4 Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 1 Велес, Штип, Виница, Демир Капија, Берово, Тополчани, Ѓуриште.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне времето беше променливо со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од западен и југозападен правец (во делови од Пелагонија со брзина од 65 до 85, во источните деелови од 55 до 65, а во североисточните од 60 km/h).

Попладнево времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите од дожд на некои од повисоките места во западните делови ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. До крајот на денот врнежливо ќе биде во западните делови, и во текот на ноќта таму ќе се задржи пооблачно. Во останатите делови ќе има постепено намалување на облачноста, и во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба на астрофотографии: Небесно платно

Изложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. 

Изложба на астрофотографии: Небесно платно

Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини.

Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо.

Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч.

Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски.

Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер