МакедонијаЈаневска порача дека нема место за политиката во образованиетоПолитиката да се држи надвор од образованието. Доколку не се најде заеднички јазик, повлечениот Закон за средно образование ќе биде вратен и без одредбата за интонирање на државната химна во училиштата – вели министерката за образование Весна Јаневска. Според неа приоритетно е да се спроведат посуштински реформи во образованието кои би произлегле од останатите одредби, но остава простор за дискусија на темата. Според неа целта на иницијативата за интонирање на химната не била да се разгорат меѓуетнички тензии, како што тоа било толкувано од страна на опозициската ДУИ. „ За жал партијата ДУИ го искористи тоа на најнесоодветен начин за да ги вметне политичките и етничките проблематики во законот за образование. Нема да дозволам такво нешто да се случува затоа законот е повлечен. Ќе продискутираме уште малку на таа тема, но доколку не најдеме заеднички јазик важно е да поминат суштинските реформи во средното образование и законот ќе биде вратен и без таа одредба ако тоа биде неопходно.“ Јаневска оствари средба со претставници од сојузот на средношколци и националното студентско тело, по која соопшти дека денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на ЈСП за бесплатниот студентски превоз. Јаневска соопшти и дека на крајот на месецот ќе биде распишан оглас за сите потребни учебници за идната учебна година. Со измени во повлечениот Закон за средно образование најави и нов модел на матура, која годинава ќе се полага во универзитетските амфитеатри. Во МОН се прават и анализи за проширување на опсегот на студентскиот оброк и зголемување на неговата сума на 160 денари. „Оние кои што ќе полагаат средна стручна матура ќе можат без приемен испит да се запишат на сродните нивни факултети. Пример од електро машинско училиште и на машински и на електро, но ако сакаат да се запишат на медицина или филозофија тие ќе треба да полагаат државна гимназиска матура. Дел од студентите кои се вкучени на пазарот на труд по минимални цени би требало да добијат студентски оброк, во МОН има големо расположение и волја тоа да се оствари. Мислам дека до крајот на овој месец или евентуално во февруари ќе ги имаме и тие анализи и ќе седнеме да се договориме за сето тоа. “ Меѓу барањата на студентите и средношколците се и воведување на кариерно советување, овозможување на студентска работа во текот на студиите, дигитализација на учебниците и на картичките за превоз од ЈСП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook