Јаневска: Околу 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата - Канал 5

Јаневска: Околу 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата

Ние сериозно се залагаме, не само преку темите во одредени предмети, туку и преку изборни предмети, да ја подобриме оваа состојба и продолжуваме во тој правец да работиме и за финансиската писменост.

Јаневска: Околу 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата

Истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието покажува дека учениците имаат познавање за базичните поими, но немаат доволно познавање за тоа што би требало да се нарече применување на познатите поими во животот односно применување на таа финансиска писменост. За жал, и според ОЕЦД, околу 56 отсто од населението е финансиски писмено, што е незадоволително.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека поради тоа Министерството првенствено со Бирото за развој на образованието, но и со Народната банка, Министерството за финансии, УЈП и Асоцијацијата на банки во Македонија и други институции, развива програми за најмладите од рани години да научат како да управуваат со сопствените средства или средствата кои им се на располагање, да научат да штедат, вложуваат, проценуваат ризици, на кој начин да управуваат, менаџираат со сопствените средства, што во суштина претставува еден сериозен чекор за примена на знаењата во иднина кога тие навистина ќе имаат таква потреба.

- Ние сериозно се залагаме, не само преку темите во одредени предмети, туку и преку изборни предмети, да ја подобриме оваа состојба и продолжуваме во тој правец да работиме и за финансиската писменост и за други проблеми со кои реално учениците се соочуваат, додаде Јаневска.

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска рече дека во пресрет на 15-ти март Денот за заштитa на правата на потрошувачите, презентираат извештај работен од стручен тим од Бирото и надворешните соработници.

- Бирото за развој на образование како нотирана институција во однос во рамките на нејзините надлежности, работи ја спроведува програмата за заштита на потрошувачите и во соработка со релевантни институции го подобрува нивото, односно работи на усовршување на можностите во текот на образовниот процес учениците да се стекнуваат со знаење и вештини за финансиска писменост, и секако да создадеме личности коишто понатаму ќе носат одговорни информирани финансиски одлуки, додаде Тримчевска.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека резултатите кои покажуваат тоа што и министерката го потенцираше, дека нашите ученици имаат базично ниво на познавање на финансиска писменост. Токму од тие причини, појасни, се работеше на оваа анализа и извештајот денес ни дава конкретни насоки во кој правец да се движиме, за подобрување на можноста учениците да достигнат повисоко ниво, за да носат финансиска одлуки.

- Финансиска писменост и досега постои како слободен изборен предмет во четврто, петто и шесто одделение, и понатаму слободен изборен предмет во седмо, осмо и деветто одделение, и се уште нели по старата програма во деветто одделение предметот иновации. Така што имаат можности и во наставните програми апсолутно се интегрирани со содржини и по другите предмети, не само по овие слободни изборни предмети каде се интегрирани одредени елементи, и се постигнуваат стандарди кои треба да ги имаат децата до зборуваме само за основното образование. Резултатите веќе не наведуваат понатаму што треба ние да развиваме и во средното образование, додаде Тримчевска.

На презентацијата на резултатите од истражувањето се обрати и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески рече дека давателите на финансиски услуги често агресивно, не ретко дури и лажно рекламираат комплексни финансиски продукти кои се надвор од можноста за разбирање од страна на мнозинството граѓани. Оттаму, посочи тој, образовните системи мора да се адаптираат и да си постават за цел во оваа област да биде интегрирана во наставата, бидејќи финансиската едукација не претставува само дополнително знаење туку е клучна за одговорно и свесно однесување на граѓаните, рече Славески.

Посочи дека по глобалната финансиска криза од 2008 година која прерасна и во глобална рецесија и траеше до 2009 година во светот е присутен тренд на вклучување на финансиската писменост во наставните планови за средните училишта.

- Според глобалното истражување за финансиска писменост на агенцијата Стандард и Пурс само околу една третина од возрасните во светот се сметаат за финансиска писмени. Тоа укажува дека потребата од систематски приод за зголемување на финансиската писменост е поголема од кога било. Нашиот стремеж е финансиската писменост да е постојан процес на развивање на навики и знаења кај целата популација, а особено кај младите. Народната банка постојано презема активности за унаредување на финансиската писменост на населението. Активностите се насочени кон ученциите од основното и средното образование и специјализирани предавања на конкретни економски теми за студенти преку отворена можност за пријава на интерес за предавање. Наредната недела со повеќе едукативни настани за младите ќе ја одбележиме Глобалната недела на парите која се одбележува во светски рамки, рече Славески.

Потенцира дека планираат да подготват посебни програми кои ќе таргетираат професии, како вработените во полицијата, армијата, медицинските сестри и слично и додаде дека континуирано работат на унапредување на едукативните содржини поврзани со финансиската писменост при што се изработени голем број едукативни материјали во печатена и електронска форма, едукативна компјутерска игра, видео материјали...

Дел од препораките објавени во публикацијата Анализата на финансиската писменост во основното образование: Меѓународни добри практики и моментална состојба и предизвици во Северна Македонија вклучуваат: интегрирање на теми поврзани со финансиите и заштита на потрошувачите во наставни предмети како што се: животни вештини, математика, општество, иновации и сл., и тоа почнувајќи од најраната возраст, внесување содржини од финансии кои би се предавале во текот на едно цело полугодие во некој од предметите (на пример Иновации во деветто одделение). Ова, како што се посочува, треба да биде поддржано со активни педагошки пристапи насочени кон учениците, сеопфатен професионален развој на наставниците, балансирана стратегија за оценување на знаењата која ќе базира на реални примери, како и постигнување на појака формализирана соработка меѓу разните чинители (финансиски институции, пред сѐ, Министерство за финансии и Народната банка, невладини организации, понудувачи на обуки, медиумите, и сл.), а под раководство на МОН и Бирото за развој на образованието. Зајакнувањето на финансиската писменост кај најмладите претставува значајна долгорочна инвестиција во зголемувањето на капацитетите на идните генерации со основни и напредни финансиски познавања за лична благосостојба и национален социо-економски напредок, стои во анализата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП.

Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри.

Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“.

И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република.

Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови, а израелскиот претседател Исак Херцог објави дека во недела, на 8 ноември, ќе одлучи кому ќе му го довери мандатот за формирање нова влада.

По консултациите со претставниците на политичките партии, Херцог оцени дека резултатот е јасен, но најави дополнителни разговори пред да донесе конечна одлука.

Партијата Јашар го повика претседателот што поскоро да му го довери мандатот на Ајзенкот, нагласувајќи дека поддршката од 67 членови на парламентот е најголемиот број што еден кандидат го добил од 2015 година.

И покрај поддршката од мнозинството членови на парламентот, патот на Ајзенкот кон формирање влада останува неизвесен поради поделбата на опозициските партии.

Како што објаснува „Тајмс оф Израел“, четири партии со вкупно 48 места одбиваат да соработуваат со две арапски партии кои заедно имаат 19 членови на парламентот, иако сите ја поддржаа неговата кандидатура.

Дополнителна можност за формирање на ново мнозинство е одлуката на партијата Обединет Тора Јудаизам, која има седум места, да не го поддржува Нетанјаху.

Според израелските медиуми, лидерот на партијата Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, е подготвен да разгледа соработка со ултраортодоксните партии со цел да се олесни отстранувањето на сегашниот премиер.

Лидерот на арапската партија, Рам Мансур Абас, го поддржа Ајзенкот, но не го означи експлицитно Хамас како терористичка организација, што е еден од условите што Ајзенкот ги постави за потенцијалните коалициски партнери.

Абас, сепак, изјави дека неговата партија го поддржува разоружувањето на Хамас.

Претставниците на Заедничката листа исто така го поддржаа Ајзенкот, но најавија дека можат да поддржат малцинска влада од опозицијата, без директно да учествуваат во нејзиното формирање.

Партијата Б'Јахад ја отфрли можноста за влада на национално единство со Ликуд на Нетанјаху, додека претставниците на Ликуд ја повикаа опозицијата да се приклучи на широка коалициска влада.

Поранешниот шеф на безбедносната служба Шин Бет, Јорам Коен, изјави дека на Израел му е потребна стабилна влада и предупреди дека новите избори ќе ја игнорираат волјата на гласачите кои гласаа за промени на изборите минатата недела. Новиот Кнесет треба да се конституира на 10 ноември, кога се очекува и изборот на нов претседател на парламентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Киану Ривс повторно ќе го игра Џон Вик, една од неговите најпознати филмски улоги. 

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Но, овој пат, гледачите нема да го видат во класичен акционен филм, туку ќе го позајми својот глас во анимираното продолжение на популарната серија, пишува LADbible.

Студиото Lionsgate го потврди враќањето на Ривс, а проектот првпат беше најавен на CinemaCon 2025. Адам Фогелсон, претседател на филмската дивизија на Lionsgate, ја објави веста во тоа време.

Новиот филм ќе открие што се случило пред првиот Џон Вик

Дејството на анимираниот филм ќе се одвива пред настаните од првиот дел, кој пристигна во кината во 2014 година. Приказната ќе го следи Џон Вик за време на погубувањето на легендарната „Невозможна мисија“, што му овозможи да го напушти светот на платените убијци и да започне мирен живот со својата сопруга Хелен.

YouTube video

Оваа задача е спомената неколку пати во претходните филмови, но гледачите никогаш немале можност да видат како Вик ја извршил.

„Можностите се бескрајни, и во анимацијата и во светот на Џон Вик“, рече Фогелсон кога го најави проектот.

„Нема приказна за Џон Вик што обожавателите сакаат да ја видат повеќе од „Невозможна мисија“. Визијата што Шенон ја има за таа приказна е неверојатна и многу сме возбудени да видиме како ќе се покаже Џон Вик во анимираниот формат“, додаде тој.

Датумот на објавување на филмот сè уште не е објавен.

Зошто го избраа анимето?

Режисерот Чед Стахелски, кој ги режираше сите четири главни филмови за Џон Вик, објасни дека јапонската анимација долго време е едно од неговите најголеми креативни влијанија.

„Тоа беше огромно влијание врз мене, особено серијата Џон Вик“, рече тој за анимето. „Можноста да се развие аниме за Џон Вик се чини како совршен чекор напред за овој свет“, додаде тој.

Според него, анимацијата нуди можности што би било тешко да се реализираат во играните филмови. „Анимето ни овозможува да го прошириме светот, ликовите и акцијата на начини што претходно беа незамисливи“, објасни тој.

Ривс последен пат го играше Џон Вик во „Балерина“

Кијану Ривс првпат го играше Џон Вик во 2014 година, а потоа се врати за уште три продолженија.

Последен пат се појави во таа улога во филмот „Џон Вик: Балерина“ од 2025 година, во кој глуми Ана де Армас.

Новиот анимиран филм на тој начин дополнително ќе го прошири светот на Џон Вик и конечно ќе им открие на обожавателите еден од најважните настани од неговото минато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер