Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите - Канал 5

Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите

Испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем. 

Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци.

-Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата и таа треба максимално да се почитува, рече Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.

Втората порака е до учениците – испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем.

-Тие треба да пристапат како кон нормален, составен дел на нивното образование. Им порачувам и да не се борат со системот, да не бидат премногу иновативни изнаоѓајќи разни начини да се снајдат при полагањето на државната матура.Поконкретно кажано, ги замолувам одредени групи, групации и поединци да не го користат препишувањето како метод за полагање на државната матура. Затоа што тоа не е ниту во нивна корист, ниту во корист на нивните родители, ниту во корист на државата, апелираше Јаневска.

Како што рече, се е подготвено за спроведување на завршниот испит и ќе тече без никаков проблем.

-Само уште овие два услова да се исполнат, а верувам дека ќе бидат исполнети, додаде министерката.

За утрешниот прв екстерен испит се пријавени 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

-Работни средби во Вашингтон.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евролигата подготвува нови правила за претстојната сезона

Една од промените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут.

Евролигата подготвува нови правила за претстојната сезона

Раководството на Евролигата официјално ги претстави измените на правилата што значително ќе влијаат врз динамиката на играта и судењето во претстојната сезона.

Една од измените се однесува на новата дефиниција за движењето при шут, кое сега започнува дури откако играчот ќе ги насочи рамената и топката кон кошот во напаѓачката половина.

Следствено на тоа, контактот што настанува при нагло повлекување на топката на страна повеќе нема да се третира како прекршок при шут, туку како обичен прекршок, додека секое недозволено навлегување во зоната каде што доскокнува шутерот автоматски ќе се санкционира како флагрантен прекршок.

Системот на санкции исто така претрпе значителни измени. Техничките прекршоци сега се поделени на две категории, при што само првиот тип влијае на исклучувањето од игра.

Понатаму, претходниот „неспортски прекршок“ е заменет со „прекршок за прекинување на играта“ (за запирање на брз напад) и „флагрантен прекршок“ (за опасен или насилен контакт). Играчот ќе биде испратен во соблекувалната по добивањето на два технички прекршока од прва категорија, два флагрантни прекршока или комбинација од нив.

Промените важат и за тренерите, кои ги задржуваат своите два „челенџа“ по натпревар, но сега се должни да користат барем еден пред последните две минути од регуларното време.

Дополнително, тренерот се соочува со автоматска дисквалификација ако тој или некој член од клупата стапне на теренот и се меша во контранападот на противникот.

Судиите повеќе нема да издаваат претходни опомени на играчите за неспортско однесување или паѓање; наместо тоа, тие веднаш ќе досудат техничка грешка, додека опомените остануваат применливи само за намерни тактики за одложување на играта.

Нови правила во врска со физичките пресметки. Конечно, правилата во врска со физичките пресметки на теренот, официјалните протести поднесени до записничката маса и почетокот на периодите се ревидирани, додека посебните правила на Евролигата во врска со ограничената зона и специфичните ситуации со скокање остануваат непроменети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер