МакедонијаЈаневска: образовниот систем ќе има клучна улога во остварувањето на целите од Стратегијата за соработка со СЗОНационалната стратегија за соработка со Светската здравствена организација во следните пет години ги утврдува здравствените приоритети на државата, кои ќе се реализираат во соработка со СЗО и агенциите на ОН.Националната стратегија за соработка со Светската здравствена организација во следните пет години ги утврдува здравствените приоритети на државата, кои ќе се реализираат во соработка со СЗО и агенциите на ОН, како УНИЦЕФ и УНФПА, преку клучните владини министерства, институции и граѓанското општество. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на презентацијата на Првата стратегија за соработка на СЗО со Македонија 2026–2030. „Здравјето е основа на одржлив развој на секоја држава. Наша цел е да изградиме отпорен здравствен систем, заснован на еднаков пристап, превенција, дигитална трансформација и компетентни човечки ресурси. Неопходно е да ги унапредиме јавните политики за да можат да одговорат на комплексните здравствени предизвици со кои се соочува Македонија. Во реализацијата на оваа важна и одговорна задача Министерството за здравство не е само“, нагласи министерката Јаневска. Преку подобрување на наставните програми, модернизација на лабораториите и практичните обука, поддршка за континуирана едукација на здравствените работници и соработка со универзитети и здравствени установи, Јаневска укажа дека воспитно-образовниот систем подготвува генерации со знаење, вештини и ставови потребни за препознавање, разбирање и ефективно справување со здравствените предизвици. „Образованието има суштинска улога во развојот на систем што се грижи за сите и не остава никого зад себе. Училиштето формира вредности на еднаквост, развива чувство за грижа кон ранливите и создава капацитет за препознавање и спречување на насилство, занемарување и повреди, што е еден од приоритетите во Стратегијата“, рече министерката Јаневска. Таа се заблагодари на Светската здравствена организација за помошта во изготвувањето на Протоколот за реализација на настава во услови на топлотен бран, како и за обуките на околу 700 стручни соработници од основните и средните училишта за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини. Стратегијата за соработка со СЗО е петгодишен документ дизајниран да ги поддржи нашите национални здравствени цели, обврските поврзани со пристапувањето кон ЕУ, како и глобалните Цели за одржлив развој. Мултиресорскиот пристап кон нејзината реализација е услов за градење здравствен систем што ги следи протоколите, истовремено темелејќи се на вредности како човечност, правичност и грижа. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook