Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот - Канал 5

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот

-Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование.

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа информира дека оваа година на шесте државни универзитети се запишани 10 илјади студенти. Изрази задоволство што студентите не заминале да студираат надвор, туку се определиле токму за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Им посака добро здравје и успешни студентски години, а на професорите успешна наставно – научна работа.

- Како институции се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование и да имате услови за пристоен живот тука во сопствената земја. Во изминатиот период донесовме низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка, посовремени студиски програми. Успеавме да ја откочиме реконструкцијата на студентските домови Стив и Кузман, како и изградбата ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Го проширивме опфатот за студентски оброк, работниот однос на студентите повеќе не е услов за да ги добиваат средствата. Очекувам следната година да имаме ново покачување на дневниот износ, изјави Јаневска.

Министерката за образование и наука потенцира дека на располагање на студентите се 3 100 стипендии во повеќе категории, а постапките за аплицирање, како и оние за сместување во студентски домови, целосно се дигитализирани.

- Го решивме проблемот со бесплатниот јавен превоз на студенти во главниот град. Изгласавме Закон со кој студентите на државните и приватните факултети ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп, и редовните и вонредните студенти. И конечно, со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, ќе го поставиме високото образование на цврсти темели. Ве повикувам сето тоа што Ви е ставено на располагање и наменето за Вас, да го искористите. Вие сте и првата генерација студенти која бесплатно, заедно со вашите професори, ќе ја користите најголемата научна база Web of science, како и базата Scopus. Работете на научни и стручни трудови, заедно со вашите професори, тоа е многу важно, истакна Јаневска.

Таа изрази надеж дека студентите по завршување на студиите ќе останат во својата држава и оти тука ќе ја изградат својата семејна иднина. Според неа,тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Билјана Ангелова пред да го одржи првиот академски час за учебната 2025/26 година и пред да им ги додели индексите на бруцошите изјави дека УКИМ оваа година запиша 5 100 нови студенти од Република Македонија или за 300 повеќе од минатата година и уште 400 странски студенти кои се пријавени на факултетите на УКИМ.

- Она што посебно ќе ја одбележи оваа нова академска година на УКИМ е дигитализацијата. Новата генерација која денес почнува со студиите ќе биде целосно дигитализирана. Сите студентски сервиси се комплетно дигитализирани и јас оваа генерација можам да ја наречам електронски индекс генерација. Оваа генерација почнува со електронски индекс, а и сите кои веќе се запишани од оваа учебна година ќе го користат електронскиот индекс што значи комплетно сите услуги, сите сервиси за студентите се дигитализирани, рече Ангелова. Очекува дигитализцијата комплетно да биде завршена до крајот на оваа учебна година.

Таа информира дека најголем интерес оваа година има за Економскиот факултет, каде се запишани 707 студенти, за Медицинскиот факултет, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Филозофскиот факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ... Додаде дека има зголемен интерес на сите останати факултети.

Претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски рече дека покрај стекнувањето знаења и дружењето, важно е да се вклучуваат во различни иницијативи од нивен интерес во студентските собранија и организации на факултетите.

- Професорите и целиот административен кадар на факултетот се вашите пријатели во процесот. Запомнете, не сте сами. Тука сме сите ние, вашите постари колеги, професорите, асистентите, администрацијата на факултетот, но и вашите другари и родители. Осмелете се да побарате помош кога ви е потребно, рече Николовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото.

Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година.

Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита.

Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF).

Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда.

Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.

Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет

Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија.

Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија.

Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер.

Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет

Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет.

Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот.

Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска.

Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото.

Усвојување на Охридска декларација

Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка.

Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него.

За Форумот и надлежностите

Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот.

Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот.

Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во преносот во живо – коментатор ја навреди Сабаленка!

Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.

Скандал во преносот во живо – коментатор ја навреди Сабаленка!

Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици.

Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката.

Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече:

„Гледај, гледај, гледај, ужасна е“.

Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите.

„Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо.

Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација.

Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе.

Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Трофејниот Манчестер Јунајтед ги финализира преговорите со Маурисио Покетино (54), кој треба да стане новиот менаџер на англискиот гигант, при што се чека само конечната одлука на клубот за разрешување на Мајкл Керик.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Ова ексклузивно го објави „The Athletic“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Аргентинецот моментално е селектор на националниот тим на САД, но има голема желба да го преземе Јунајтед и да се врати во клупскиот фудбал.

Уште во понеделникот, „The Athletic“ објави дека се очекува заминување на Керик по катастрофалниот почеток на сезоната. Јунајтед моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, со остварени само три победи на последните 15 натпревари.

Како резултат на тоа, раководството започна потрага по потенцијален наследник, при што Покетино се издвои како нивен главен избор.

Според информации од „The Athletic“, претставници на Манчестер Јунајтед во текот на вторникот работеле на финализирање на личните услови со агентите на Покетино.

Не се очекуваат пречки, иако договорот сè уште не е официјализиран. Јунајтед сè уште нема стапено во контакт со Фудбалската федерација на САД, со која Покетино има договор до Светското првенство во 2030 година.

За да се овозможи негово заминување, англискиот клуб ќе треба да плати откупна клаузула во износ од приближно 10 милиони долари – што е околу 8,6 милиони евра.

Доколку преговорите резултираат со очекуваниот договор, Покетино во Манчестер ќе го донесе својот стручен штаб; притоа, Јунајтед ќе треба да исплати и дополнително обештетување за нивното заминување од националниот тим на САД.

Аргентинскиот тренер во моментов ја подготвува американската репрезентација за два натпревари против Хаити, кои ќе се одиграат за време на меѓународната пауза.

Покетино и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а според „The Athletic“, тој долго време имал желба да работи на „Олд Трафорд“. Во текот на својата кариера, тој раководел со неколку англиски клубови – меѓу кои Саутемптон, Тотенхем и Челси – и добро ја познава Премиер лигата.

Тој ја презеде репрезентацијата на САД во септември 2024 година, по заминувањето на Грег Берхалтер, кој поднесе оставка откако тимот беше елиминиран во групната фаза на Копа Америка.

На Светското првенство во 2026 година – на кое САД беа еден од домаќините – Покетино ја одведе репрезентацијата до осминафиналето. Американците победија на три од првите четири натпревари, пред да доживеат пораз од 4–1 од Белгија.

Во август, тој потпиша нов договор со важност до 2030 година. На досегашните 35 натпревари на чело на американската репрезентација, тој оствари 21 победа. Интересно е што, пред почетокот на Светското првенство, Покетино разговараше и со претставници на Милан за можноста да го преземе италијанскиот клуб. На крајот, Милан на таа позиција го назначи Рубен Аморим – поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер