Јаневска: Квалитетот во високото образование не е само заради Шангајската листа, туку за да ѝ помогнеме на државата - Канал 5

Јаневска: Квалитетот во високото образование не е само заради Шангајската листа, туку за да ѝ помогнеме на државата

 Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование и затоа е неопходно да спроведуваме акции, не само да дискутираме.

Јаневска: Квалитетот во високото образование не е само заради Шангајската листа, туку за да ѝ помогнеме на државата

Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование и затоа е неопходно да спроведуваме акции, не само да дискутираме, туку сите заедно да учествуваме во подобрување на квалитетот на високото образование, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование што денеска го организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Целта на настанот е да се споделат досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на квалитетот, согласно со националните стандарди и стандардите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA). Особено значајна компонента на форумот, според УКИМ, е продлабочувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање поусогласен и релевантен образовен систем.

Министерката Јаневска во изјава за медиумите нагласи дека високото образование е во фокус на Владата и, како што рече, „во овие 16 месеци направивме многу“.

Посочи дека е зголемен буџетот за наука – од 380 милиони на 680 милиони денари и, рече, „само за три повици за универзитетите, факултетите, јавните научни установи и МАНУ вложивме 374 милиони денари за да ја развиеме и науката“.

Потсети и дека Владата уплати за бесплатен пристап на нашите научници во две големи научни бази (Web of science и Scopus) и дека е зголемен мониторингот на универзитетите.

-Затворивме 14 т.н. научни приватни институти и една високообразовна установа. Работиме на нова стратегија за образование и првпат во Македонија има сериозна посветеност и од Владата и од Универзитетот за создавање на првиот научно-технолошки парк во Македонија. Уверувам дека и понатаму остануваме партнери на универзитетите, факултетите, другите институции, за да работиме на квалитетот на вискокото образование. Активно работевме на два нови закона – за високо образование и за научно-истражувачка дејност. Но, самите закони напишани на хартија не можат да придонесат ниту за подобрување на квалитетот, ниту за поткревање на нашите универзитерти на Шангајската листа, Па, оттука, ако ги почитуваме законите, кои треба да ги донесеме заедно со академската фела, на која и тие работеа, ќе постигнеме многу повеќе од она што сега го имаме, а што ни е цел за во иднина, истакна Јаневска.

Како што рече, следува сериозна реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование за која, исто така, ќе има нов закон.

На професорите им порача „заеднички треба да ги направиме тешките реформи и во високото образование“.

-Ги замолувам активно да се вклучат во сè – да пишуваат трудови, да помогнат во дигитализацијата, да создаваат квалитет во своите установи, да аплицираат многу на проектите од „Хоризонт“, да создаваат двојни дипломи, да се вмрежуваат, да работат во европската ареа на истражување, сè што треба да се направи – не само за да се поткренеме на Шангајската листа, тоа е помалиот ефект, за да дадеме сериозен импакт во општеството и да помогнеме на нашата држава да стигне таму каде што и е местото – да обезбеди европски стандарди и да ги прилагоди своите студиски програми за да ги подготви студентите за пазарот на трудот, истакна Јаневска.

Првиот годишен форум за квалитет во високото образование УКИМ го организира под мотото „УКИМ создава иднина – со квалитет до извонредност“.

Ректорката Биљана Ангелова соопшти дека минатата година и половина многу работеле на овој процес бидејќи, рече, управувањето со квалитет на Универзитетот е една од нивните три основни стратешки цели, покрај дигитализацијата и интернационализацијата.

-Го направивме Правилникот за управување со квалитет на УКИМ, согласно Националниот правилник за стандради во високото образование, ја направивме Стратегијата за управување со квалитет за Универзитетот 2024-2029 и Водичот за квалитет, дополнително воведивме алатки за планирање, мониторинг и за реализација на резултатите од годишните акциски планови, и на Универзитетот и на секоја од единиците, рече Ангелова.

За теквната учебна 2025/2026 година, посочи таа, вовеле и нови метрики кои ќе ги следат во наредниот период - број на објавени трудови со импакт-фактор, број на аплицирани меѓународни проекти, како и број на мобилнисти – и на студенти и на наставници, како индикатор за следење на интернационализацијата.

-Го имаме и Годишниот акциски план за 2025 година, кој претставува практично сублимат на сите единици на УКИМ, со што покажуваме дека Универзитетот се интегрира, се менува и трансформира како единствен и интегриран, дека не сме центар и 28 единици како што вообичаено знаеме да кажеме за УКИМ, додаде Ангелова.

Во однос на дигитализацијата, која е една од трите стратешки цели на УКИМ, соопшти дека е при крај од реализацијата - првата фаза од процесот е завршен и компелтно се дигитализирани сервисите за студентите кој опфаќа и електрински индекс, а од почетокот на идната година ќе следува втората фаза.

И интернациоанализацијата напредува со добро тепмо, додаде Ангелова, посочувајќи дека е зголемен бројот на мобилности, како и на странски студенти на УКИМ - оваа година се запишале над 300.

За третата цел – квалитетот, ректорката смета дека треба да се зголеми бројот на објавени трудови со импакт-фактор за да се зголеми рангот, за што, рече, се создадени предуслови со овозможениот пристап од Владата и МОН до научните бази Web of science и Scopus, а потребно е, рече, и да се зголеми квалитетот и интензитетот на практичната настава на студентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер