Јаневска: Ќе има уште еден состанок за законот за високо образование, кој потоа оди во владина процедура - Канал 5

Јаневска: Ќе има уште еден состанок за законот за високо образование, кој потоа оди во владина процедура

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече,  заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование.

Јаневска: Ќе има уште еден состанок за законот за високо образование, кој потоа оди во владина процедура

-Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со други закони, дали е напишан така како што треба со правнички јазик итн. Потоа на владина седница да ги слушнеме сите членови на Владата и откога и тоа ќе се заврши оди во собраниска процедура, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Технолошко-металуршкиот факултет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска престојува во Општина Кичево

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска  престојува во општина Кичево, во рамки на иницијативата насочена кон доближување на Европската унија и евроинтегративниот процес до локалните заедници.

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска престојува во Општина Кичево

Посетата ќе започне со средба на Рокас со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, како и со членовите на општинскиот совет. Од делегацијата на ЕУ во Скопје информираат дека разговорите ќе бидат посветени на придобивките од членството во европската унија, како и на конкретните резултати од европската финансиска поддршка и нејзиното влијание врз животот на граѓаните во регионот. Во рамки на посетата, амбасадорот Рокас ќе оствари средби и со претставници на граѓанскиот сектор, а ќе учествува и на отворена дебата со жителите на Кичево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот

Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот

Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана.

Државниот завод за статистика потврди дека годишната инфлација во јуни месец се намали и изнесува 3,4%, додека пак, споредено со претходниот месец мај се забележува намалување од 0,5 проценти, а за 0.8 проценти се намалил индексот на цените на мало во јуни.

Друг податок кој претставува посебно задоволство и успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.

Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нивните сателити, овие статистички податоци се потврда дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалаци се држат на стабилно ниво.

Ова се охрабрувачки бројки и потврда дека преземените и спроведени владини мерки во услови на најголемата енергетска криза, ги дадоа посакуваните резултати и ефекти.

Тие што сакаат да креираат паника и лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките и од релевантните институции, како што е ДЗС.

Благодарение на брзата реакција на Владата, во Македонија се одржа нивото на најниски цени во регионот, додека светот се соочуваше со ценовни шокови на нафтените деривати.

Потврда дека владата успешно се справува и спроведува мерки за време на оваа енергетска криза, дојде и од ММФ, кој посочи дека по преземените мерки за ублажување на последиците од високите цени на горивата, Македонија е во топ трите земји.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност.

Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност

По повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија.

Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини истакнува дека енергетската независност останува една од највисоките стратешки цели на Владата и Министерството.

Во изминатиот период се преземаат конкретни чекори за енергетски независна Македонија – држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергенси.

Резултатите веќе се видливи.

Според најновите податоци на АД ЕСМ, производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка.

Паралелно, се реализираат и нови инвестиции во производствени капацитети. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW, а започнуваат и активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека подготовките за Битола 2 и Битола 3 се во напредна фаза.

Но, енергетската независност не се постигнува само со поголемо домашно производство. Таа се гради и преку силна регионална поврзаност и сигурни енергетски коридори.

Во таа насока, интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас. Истовремено, во тек се подготовките и за реализација на гасниот интерконектор со Србија, со што Македонија ќе стане дел од поширока регионална гасна мрежа и ќе ја зацврсти својата улога како енергетски крстопат на Балканот.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакнува дека енергетската независност не е краткорочна цел, туку долгорочна државна стратегија.

„Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори што ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето извозник на електрична енергија.“

Енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија.

Токму затоа Министерството останува цврсто посветено на создавање на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем – затоа што силна енергетика значи силна држава.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер