Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
МакедонијаЈаневска: Дуален концепт и во високото образование, првпат се воведуваат втор и трет циклус стручни студииЌе се воведува дуален концепт и во високото образование, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Со новиот закон, како што објасни, првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии. Со академското дуално образование, рече Јаневска, ќе бидат опфатени главно техничките струки. Според министерката, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бараат некои од нив и бизнис заедницата, туку и затоа што дуалното образование, како модел, дало одличен резултат во средните стручни училишта. Првиот циклус стручни студии трае три години и носи 180 кредити. - Поучени од одличните резултати што ги даваат дуалното образование и учењето преку работа, но и на барање на одредени факултети, се одлучивме на ова што постои во ЕУ, а кај нас го немало. Очекуваме одлични резултати, истакна Јаневска по настанот „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ што го организираше Стопанската комора. Досега, додаде, можност да учат во реална работна средина и теоретските знаења да ги дополнуваат со трајни вештини, имаа само средношколците. - Следниот чекор е продолжување на дуалниот концепт и во високото образование. Факт е дека дуалното стручно образование е наш успешен образовен модел што го градиме последниве неколку години и дава одлични резултати. Тие се мерат со сé поголемиот број ученици кои го бираат, како и со постојаниот раст на компаниите кои се вклучуваат, што е разбирливо, зашто е најдобар начин да добијат млад кадар што сами го обучиле, потенцира министерката, нагласувајќи дека и во новиот конкурс за упис во средно образование, за учебната 2026/2027, фокусот ќе биде на дуалното образование, а постојните и новите профили ќе бидат димензионирани во договор со локалните самоуправи и компаниите. Таа очекува истиот успех да се постигне и во високото образование, со стручните студии. - Академската заедница е подготвена да воведе студиски програми кои ќе бидат продолжение на средното дуално образование, како и интердисциплинарни студии со странски универзитети, студентска размена и заеднички проекти. Со новиот Закон за високо образование ова и системски се уредува. Зад сé ова што го говорам, стои одлучноста на Владата и мојата лична решеност да им помогнеме на младите да добијат квалитетно образование и да заврши времето кога нив ги гледавме само како потенцијал што не успевавме овде, во земјата, да го искористиме. Учење низ пракса, можности доколку сакаат после средното образование да работат, проодност кон високото образование за оние што сакаат да продолжат да се надградуваат, сето ова е градено според најдобрите европски практики и верувам дека младите ќе бидат успешни и задоволни овде, во својата држава, каде нивната енергија, креативност и труд се потребни и вредни, порача Јаневска. Пред неа се обрати и претседателот на Комората, Бранко Азески, напоменувајќи дека дуалниот концепт е симбиоза меѓу бизнисот, неговите потреби за кадар и образованието.Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter