Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
3Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
МакедонијаЈаневска: Државната матура помина добро, отстранети беа само 60 ученициДржавната матура помина добро,оваа година за разлика од лани кога имаше препишување од страна на учениците и споделување по вибер групи ова утринава го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа информираше дека биле отстранети само 60 ученици . Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаО. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови. Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност. Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во ВаташаДенеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии. Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат од ужасите на Втората светска војна. Благодарам. Изјава за медиуми, претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче Скопје, 16.06.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
ЖивотАвстралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 годинаАвстралискиот завод за метеорологија денес објави дека временскиот феномен Ел Нињо се формирал во Тихиот Океан и би можел да се интензивира во втората половина на 2026 година и да стане најсилен во последните седум децении. Метеоролозите очекуваат феноменот да донесе обилни дождови и во Америка и топли и суви услови во Азија, каде што редовната сеидба е веќе нарушена, што предизвикува загриженост за снабдувањето со храна во најнаселениот регион во светот. Температурите на површината на морето во регионот ги надминаа границите на Ел Нињо, а сите атмосферски индикатори укажуваат на феноменот, објави Австралискиот завод за метеорологија. „Прогнозите укажуваат на силен или многу силен настан Ел Нињо врз основа на степенот на затоплување во централниот, тропски Тихи Океан. Околу половина од моделите укажуваат дека овој настан би можел да биде на некои од највисоките нивоа од 1950 година“, соопшти метеоролошката служба. Научниците велат дека климатските промени дополнително ќе ги влошат ефектите од овогодинешниот Ел Нињо. Ел Нињо, периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Пацифик, е поврзан со пониски зимски и есенски врнежи од дожд, особено на источниот брег на Австралија, и повисоки дневни температури, соопшти институтот. Временскиот феномен е особено штетен за Австралија бидејќи влијае на земјоделското производство во земјата, која е еден од најголемите извозници на пченица, шеќер и говедско месо во светот. Последниот Ел Нињо, кој ја погоди Австралија од 2023 до 2024 година, предизвика најсув тримесечен период досега. Еден од најсилните вакви настани, во 2015 и 2016 година, доведе до суша и намалено производство на жито и маслодајна репка.Тагови: Ел Нињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter