Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна - Канал 5

Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. 

Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна

Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денес се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба.

„Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна.

Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство.

Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор.

„Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“.

Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште.

Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично.

Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство.

Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови.

Средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер