Јанева денеска се враќа во притвор

По четиридневна болничка нега  Катица Јанева се врати во притворот во Шутка, но поради болки во желудникот од таму излезе Бојан Јовановски кој денеска повторно е пренесен во градската болница “8ми септември”.

Екс специјалната обвинителка во четвртокот беше пренесена во болница поради висок притисок и општа анксиозност. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во телефонски разговор за КАНАЛ 5 рече дека нема информација за сегашната здравствена состојба на екс обвинителката, но ако се има во предвид дека лекарите ја пуштаат претпоставките се дека нејзината состојба е подобрена.

Во меѓувреме, Апелација не донесе одлука да го преиначи притворот на Јанева поради поднесената гаранција во вредност од три страна, но донесе решение да го врати на повторно одлучување во Кривичниот суд барањето за укинување на притворот. Нејзиниот адвокатски тим најави дека ќе поднесе уште една жалба, овој пат за одлуката за негово продолжување за нови 30 дена, која беше донесена во четвртокот.

Укинување на притворот бара и одбраната на Боки 13 кој изминатиов период неколку пати беше пренесуван во болница, последно тоа се случи кога даваше исказ во Обвинителството, каде почна да повраќа и да се жали на болки во стомакот. На јавната седница во Апелација Јовановски зборуваше за неговото здравје посочувајчи дека имал две неуспешни операции на желудникот.

Инаку против Јанева и Боки 13, во четвртокот беше поднесено обвинение за случајот Рекет.. Во истовреме, обвинителството одлучи да ја прошири истрагата и за невладианата Меѓународен сојуз, во која меѓу осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и пратеничката Фросина Ременски...

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер