Јанев: Не можеме да излеземе од рамката зацртана во бугарскиот парламент

Без да открие дали и формално ги отфрлиле предлозите на Силва и Вархеји, привремениот бугарски премиер Стефан Јанев останува на ставот дека како привремена влада немаат намера да отстапат од познатите национални позиции.

Во гостувањето на државната бугарска телевизија БНТ вели дека останува доследен на декларацијата во бугарскиот парламент од пред четири години, документ во кој сериозно се поткопува македонскиот јазик и идентитет. Избегна да одговори дали Софија се соочува со меѓународен притисок, но порача дека се отворени за дијалог со македонската влада.

-Бугарската позиција е јасна. Ние не можеме да излеземе од рамката зацртана во бугарскиот парламент. Но, ние сме подготвени за неформални разговори со Македонија и нејзиното раководство и да започнеме и практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи генералната позиција на Бугарија е дека Бугарија ја поддржа европската иднина на Македонија и Албанија во пакет, истакна Стефан Јанев, привремен премиер на Бугарија.

Што се Силва и Вархеји на ставија на маса, а за кое премиерот Заев оцени дека е добра основа за отстранување на пречките за почеток на преговири, останува непознато. Министерката за одбрана Шеќеринска во вчерашното гостување во „Само интервју“ оцени дека иако не го видела предлогот, очигледен бил европскиот ангажманот, како и воздржаноста на Софија кон содржината.

„Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете“, но, она што покажува дека ЕУ останува доследна и со тој предлог дека идентитетските прашања не им е место во преговарачката рамка., оцени Радмила Шекеринска, министерка за одбрана

Бугарските медиуми вчера ги објавија наводните предлози на Португалија, кој официјално никој не ги демантираше. Нон пејперот предвидува:

-Проблемот меѓу Скопје и Софија да не се решава преку преговарачката рамка за членство во ЕУ, туку преку Процесот на стабилизација и асоцијација (во тој случај, Софија нема да може да го блокира процесот на преговори)

-Македонија да прифати дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година, без прашањето за потеклото на јазикот не биде вклучен во предложениот документ.

-Двете држави преку еднострани декларации да се спогодат и околу краткото и долгото име на Македонија.

А, во документот се споменувале и македонските црвени линии..

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер