Јане Коџабашија победник на третиот конкурс за музиколошки труд на СОКОМ - Канал 5

Јане Коџабашија победник на третиот конкурс за музиколошки труд на СОКОМ

Трудот „Нови сознанија за потеклото на Кукузел“ од Јане Коџабашија е победник на третиот конкурс за музиколошки труд на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Јане Коџабашија победник на третиот конкурс за музиколошки труд на СОКОМ
Трудот пристигнал под шифра „Кукузел“. Комисијата составена од Марко Коловски и Мирјана Шулајковска-Павловска - музиколози и Александар Пејовски - композитор заклучила дека текстот на Коџабашија, според структурата, употребените методолошки постапки, степенот на иновативноста во толкувањето на потеклото на големиот средновековен мелург и музички творец, целосно заслужува да биде прогласен за победник на овој конкурс.

- Овој текст, освен што користи мноштво податоци од различни светски медиевисти, низ една компаративна анализа наметнува нови видувања на можното потекло на Кукузел и претставува придобивка и за македонската и за светската музиколошка литература што го третира ова прашање, соопшти СОКОМ.

Комисијата заклучила дека треба да биде откупен трудот „Јана Андреевска - Првата Македонска композиторка“.

- Авторите Ангелина Димовска и Тина Иванова преку анализата на делото на Андреевска „Дали сум сокол, бура или бескрајна песна“ промовираат интересни гледишта за причините на помалото присуство на жените – композиторки во светското музичко творештво. Трудот освен овие два централни столба дава и мноштво други податоци за композиторката Јана Андреевска, посочува СОКОМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Денес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. 

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето.

Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен.

Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто?

Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого?

Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура.

Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела.

Почитувани,

За нас ова е прашање на безбедноста, квалитетот на живот и иднината на Центар.

Бараме итен инспекциски надзор, проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на наодите.

Филипче и Горан Бетон Герасимовски, доста се ветувања! Граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори!

Центар им припаѓа на граѓаните, а не на бетонот и инвеститорските интереси!

Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисија за животна средина на ОК Центар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил.

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер