Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните - Канал 5

Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

Со десетици „авторски“ договори со нему блиску  партиски кадри и медиумски пропагандисти на ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е пример како не треба да се работи.

Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

Почитуван скопјанки и скопјани,

Кога Ѓорѓиевски стана градоначалник на Кисела Вода, жителите добија ветувања за паркови, градинки, катни гаражи и чисти улици.

Денес, скоро четири години подоцна, општината е презадолжена, покриена со смет и задушена од бетон, а ветувањата останаа на хартија.

За една година и три месеци, долгот на општината се зголеми за 40 милиони денари, достигнувајќи до 146 милиони денари. Од долговите не се видоа ниту нови улици, нови паркови или подобар живот.

Наместо тоа, од буџетски средства се исплаќаат пријатели, роднини и партиски активисти. Најмалку 100.000 евра од општинските пари завршија на сметки на блиски луѓе на Ѓорѓиевски. Со пари на граѓаните тој си ја купува довербата и поддршката, тера лажен ПР и промоции.

Со десетици „авторски“ договори со нему блиску партиски кадри и медиумски пропагандисти на ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е пример како не треба да се работи.

Општина Кисела Вода, во неговиот мандат стана симбол за урбан хаос: потпорниот ѕид во Пинтија се урна, улиците во Црниче, Бабин Дол и Припор останаа раскопани, планираните мегапаркови и катни гаражи никогаш не се реализираа. Релокацијата на Центарот за зависници и паркот на негово место останаа само празно ветување.

Наместо да го среди хаосот, Ѓорѓиевски се вклучи во политички игри: организираше блокади на „Комунална хигиена“, за да ги задуши граѓаните во ѓубре, создаваше паралелни синдикати во ЈСП, ширеше паника за квалитетот на водата и постојано се препукуваше со Данела Арсовска. Најголемата негова „иницијатива“ беше да ја смени Арсовска од ЗЕЛС, а не да ја среди општината. Ѓорѓиевски е најдиректно одговорен за хаосот кој му се случуваше на Град Скопје. Тој стои зад сите блокади и партиски битки од кои четири години страдаат скопјани.

Ѓорѓиевски ветуваше десетици проекти, но реализираше одвај 20% од нив. Ги изневери граѓаните на Кисела Вода, а сега им се нуди на скопјани со истата празна реторика и истите партиски шеми.

Зад сликите и пресовите стои човек кој потроши 100.000 евра за да вдоми нему блиски луѓе, ги зголеми долгови за 40 милиони денари, остави смет, пропаднати улици и уништени зелени површини и ги претвори институциите во алатка за интриги и блокади.

Скопје не смее да стане поголема верзија на Кисела Вода. Главниот град не заслужува пион на Мицкоски, кој ќе ја користи градската каса како каса за партијата и ќе го потоне Град Скопје.

Граѓаните добро знаат како изгледа кога Орце управува: долгови, хаос, ѓубре и лаги. Нема простор за уште една таква авантура на сметка на сите нас.

YouTube video

Прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

На возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури.

Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село

Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село

Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи.

Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања.

Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина.

Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата.

Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем.

И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер