Јанчев: Во О. Кавадарци одржан состанок со претставници од Северна Рајна-Вестфалија - Канал 5

Јанчев: Во О. Кавадарци одржан состанок со претставници од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска во Општина Кавадарци се одржа работен состанок со претставници од Државниот секретаријат на Северна Рајна-Вестфалија и претставници на ГИЗ, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во О. Кавадарци одржан состанок со претставници од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска во Општина Кавадарци се одржа работен состанок со претставници од Државниот секретаријат на Северна Рајна-Вестфалија и претставници на ГИЗ, на кој присуствуваа градоначалникот, заменик градоначалникот, претседателот на Советот и секретарот на Општината.

На средбата се разговараше за можностите за воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу Општина Кавадарци и региони и градови од Северна Рајна-Вестфалија, по вчерашното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Македонија и овој германски регион.

Посебен акцент беше ставен на потенцијалната соработка во областа на земјоделството, лозарството и винарството, како и образованието и размената на искуства и добри практики.

На состанокот присуствуваа:

• Ева Марија Дурстевиц-Маршал

• Бертхолд Волберг

• Дејан Вратоњиќ

• Оливер Начевски

• Љубомир Кекеновски

Општина Кавадарци продолжува активно да гради меѓународни партнерства и можности за развој во повеќе области од значење за локалната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.

Љуљзим Фаризи во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер