Јанчев: Средба со делегација од Израел - Канал 5

Јанчев: Средба со делегација од Израел

Средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел.

Јанчев: Средба со делегација од Израел

Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, која престојува во Македонија предводена од г-дин Гилат Шадмон генерален директор на Министерството за регионална соработка на Израел.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен фокус на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и размената на искуства и добри практики.

Посетата има за цел да отвори можности за идни партнерства и конкретна соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, стартапите и другите релевантни чинители од двете земји.

Кавадарци останува отворен за нови меѓународни партнерства и иницијативи кои создаваат можности за развој, инвестиции и размена на знаења и искуства, објави на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нафтата поевтини откако Саудиска Арабија вети брза обнова на испораките

Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад.

Нафтата поевтини откако Саудиска Арабија вети брза обнова на испораките

Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад во рок од неколку дена и да го врати во целосна работа во рок од шест недели што влијаеше на очекувањата на трговците.

Цената на нафтата „брент“ утринaта падна на 104 долари за барел намалувајќи се за 1,2%.. Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ објави дека работи на заобиколување на оштетениот дел од нафтоводот, кој неодамна беше оштетен при напад на јеменските хути, со цел да врати околу половина од својот капацитет во наредните денови, додека целосната работа би можела да се врати за околу шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со “Киноверзум”, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. 

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“.

Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови.

Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик.

Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција.

Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик.

Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година.

Ги покануваме сите граѓани овој викенд да присуствуваат и да уживаат во филмската програма во Општина Кисела Вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Скопје. 

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката.

По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор.

По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер