Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци - Канал 5

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. 

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти.

На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино.

Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето.

На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите.

Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато.

Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата.

За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторно

Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес.

Ал Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторно

Поранешните партнери се појавија заедно во Лос Анџелес, а фотографијата и описот што ги објави Нур ја открија причината за нивното повторно обединување.

Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес.

Легендарниот 86-годишен актер и 32-годишната продуцентка присуствуваа на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“, а Нур сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм.

Покрај фотографијата, таа остави краток, но впечатлив опис: – Мајката и таткото на Роман – напиша таа, додавајќи емотикон со црвено срце.

Со ова таа покажа дека, без оглед на природата на нивната моментална врска, ги поврзува нивниот тригодишен син Роман, кој се роди во 2023 година.

За таа пригода, и двајцата избраа црни комбинации, а нивната блискост повторно поттикна прашања за тоа каква е нивната врска денес.

Нејзината сестра, Софија Алфалах, во коментарите напиша „Вечерно излегување за родителите“, со што дополнително ја истакна нивната заедничка улога како родители.

Пачино и Нур претходно беа во романтична врска, но кога во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2024 година беше прашан дали е во врска, славниот актер одговори: „Не. Имам пријателски однос.“

Неговиот претставник тогаш исто така изјави дека Пачино и Алфалах останале добри пријатели и заеднички се грижат за својот син, Роман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва.

Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа.

„Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време.

Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер