Јанчев: Поставени нови 2000 водомери - Канал 5

Јанчев: Поставени нови 2000 водомери

[⤵️] Заврши проектот за намалување на загуба на вода со 2000 водомери обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, напиша на Фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Поставени нови 2000 водомери

[⤵️] Заврши проектот за намалување на загуба на вода со 2000 водомери обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател.

[✔️] Монтажата на водомерите се спроведуваше согласно претходно изработена теренска анализа и стратегија, изготвена од Ј.П. Комуналец Кавадарци. Целта е прецизно и правилно поставување на уредите во реоните каде што е тоа најнеопходно. Со оваа активност, Општина Кавадарци прави значаен чекор кон унапредување на водоводниот систем и поефикасно управување со водните ресурси, во интерес на граѓаните и заштитата на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16.

Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ 

Утревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.

Кој е тој „талог“ според Мицкоски?

Сите што не мислат како него.

Сите што ја разобличуваат неговата политика.

Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа.

Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер