3НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
МакедонијаЈанчев: Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради еко-туристичка понуда Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради еко-туристичка понуда што ќе ги поврзува винариите, културните знаменитости и стопанствата. Преку Фондот за градски експерименти, преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради еко-туристичка понуда која ќе ги поврзува винариите, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на работилница во Кавадарци. - Нашата општина е пример како локалните заедници можат да создаваат одржливи и иновативни решенија. Кавадарци иако е потврдена винска туристичка дестинација во Македонија, сепак досега отсуствуваше стратешко планирање за развојот на туризмот, рече Јанчев во рамки на денешниот настан, работилница за финална валидација: Стратегија за екотуризам за општина Кавадарци и посета на Кавадаречкиот дол во организација на УНДП. Патем додаде дека во рамките на овој проект, веќе се организираа низа работилници и консултативни сесии со заедницата и приватниот сектор, како и анализи и сесии со сите засегнати страни за идентификација на приоритетите, со цел да се изгради заедничка стратегија, што е резултат на инклузивен процес. Овие активности, подвлече тој, ќе овозможат создавање нови работни места и ќе ја зголемат туристичката понуда и долготрајноста на посетите. - Денес, имаме чест да ја презентираме финалната верзија на стратегијата, која е достапна за сите присутни медиуми и заинтересирани страни. Ова е уникатна прилика за сите да се запознаеме со она што заеднички го креиравме благодарение на досегашната работа, како и со визијата за развој на Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација. Стратегијата како финален документ, ќе биде дадена на усвојување на Советот на Општината на првата наредна седница. Голем дел од планираните активности ќе се реализираат до крајот на мојот мандат, истакна Јанчев. Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан изрази задоволство што е на настанот во Кавадарци и ја нагласи добрата соработка што, како што нагласи, ќе продолжи и во иднина. - Последниве три години, УНДП работи неколку проекти заедно со Општина Кавадарци. Нивната вредност изнесува над петстотини илјади американски долари. Тоа е добро како прво за жителите, а потоа и за посетителите, како и за инвеститорите. Ова е стратегија за развој на Кавадарци како одржлива еко туристичка дестинација, истакна тој. Тодор Ефремов, секретар во Општината, рече дека денешниот настан претставува значаен чекор во процесот на обликување на одржлива и иновативна иднина за Кавадарци. - Оваа стратегија е развиена во рамки на City Experiment Fund (CEF), регионална иницијатива која е дел од Словачкиот трансформациски фонд и е финансирана од Министерството за финансии на Словачка. Преку оваа иницијатива, УНДП ги поддржува локалните самоуправи во справување со комплексни урбани предизвици, применувајќи стратешка иновација и системско размислување, додаде Ефремов. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter