72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
172 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
МакедонијаЈанчев: Изградба на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасмин“, фекална канализација на ул. „Бел Камен“Првиот човек на Општина Кавадарци соопшти дека е започната изградба на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасмин“ Кавадарци, и дека е завршена изградбата на фекална канализација на ул. „Бел Камен“.„Со изградбата на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, кој започна во деведесетите години, нашата спортска инфраструктура доби значаен импулс и долго време овде се одвиваа натпревари, тренинзи и големи спортски настани. Но, делот од просторот каде требаше да се изгради доградба и долго време беше запуштен – без никаква реализација и со изглед на напуштено место дојде моментот конечно да прерасне во нов, модерен спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“! Денес започнува изградбата на овој објект на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, каде ќе има: 🏐 Куглана 🤸♀️ Сала за гимнастика 🏨 7 апартмани за сместување на спортисти на горниот кат Проектот е со финансиска конструкција од 118.000.000 денари, целосно преку Влада – втор повик, и претставува голем чекор напред за спортот и развојот на нашиот град! ➡️ Кавадарци станува се поактивен, модерен и спортски ориентиран град!“- објави градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук. Јанчев објави и дека е завршена и изградбата на фекална канализација на ул. ,,Бел Камен''. Со финансиска конструкција од 860.000 денари и должина од 160 метри, овој проект значајно ќе го подобри квалитетот на животот во населбата и ќе го реши долгогодишниот проблем со канализацијата за сите жители. Изведувач на работите е фирмата Градба Промет. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Свет72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од МарокоНајмалку 72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. Мароканските власти тврдат дека се помалку жртви 11. Повеќето од околу 60.000 луѓе кои набрзина влегоа во северноафриканската територија на Шпанија, повеќето со пливање, се вратија во Мароко по најголемиот масовен премин на мигранти на територијата. „ Најголемиот наплив на мигранти во енклавата предизвика меѓународна криза за Шпанија, бидејќи некои од нејзините европски партнери го критикуваа Мадрид за неговата имиграциска политика. Шпанија ги обвини криминалните банди за ширење гласини дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија за имиграцијата ќе им овозможи на мигрантите полесен премин. Некои аналитичари сугерираат дека Мароко можеби им дозволил на мигрантите да ја преминат границата за да изврши дипломатски притисок врз Шпанија, која неодамна ги подобри односите со соседниот Алжир, најголемиот непријател на Рабат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16. Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter