НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаЈанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена - Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проектиВечерва сме собрани овде – обединети, горди и силни да покажеме дека ние знаеме како, можеме и мораме да работиме за развој и напредок на Кавадарци. Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, вели Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг. Јанчев посочи дека изминатиот мандат има реконструирано на над 100 улици, воспоставено фекална и канализациона мрежа, како и изградба на 3 училишни спортски сали во село Сопот, Мрена и Возарци. „Одговорноста е сега уште поголема, кавадарчани очекуваат уште повеќе работа и резултати. Но, јас имам визија и стратегија, програма која ветува и се обврзува на подобар и поквалитетен живот за сите кавадарчани. Во изминативе години инвестиравме во патната инфраструктура, реконструиравме и асфалтиравме на над 100тина улици во Кавадарци и населените места и поставивме фекална и канализациона мрежа. Целосно ја реконструиравме ул. „Шишка“ во делот од Булевар Видое Смилевски до Северен булевар, реконструкција на пат Дабниште – Ресава, комплетно асфалтирање на патот во село Возарци, а за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот изградивме и нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци-Росоман“, кажа Јанчев. Градиме и инвестираме во секое населено место подеднакво, рече тој и додаде: „Во делот на спортот, освен реконструкција на училишните спортски сали во Кавадарци, изградивме 3 спортски сали во селата Сопот, Марена и Возарци од по 400м2 кои се во склоп на подрачните општински училишта. Потоа, извршивме целосна реконструкција и адаптација на стари објекти и ги пренаменивме во детски градинки во селото Сопот и Дренов, со што го решивме проблемот на згрижување на дечињата од овие населени места. Во делот на образованието, трета година по ред Општина Кавадарци успешно го имплементира проектот „Бесплатен оброк за секое дете“ кој ги опфаќа 1780 учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта. Реализирав проекти кои што не беа дел од програмата, но ги слушав потребите и се водев од интересите на моите сограѓани“, кажа Јанчев. Јанчев ја побара поддршка од кавадарчани, за како што рече тој, Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред. „За Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред, потребна е вашата поддршка и глас на 19 октомври за бројот 9. Во следниот 4 годишен мандат, Јанчев вети доградба на скијачката патека „Кожувска Панорама“, изградба на дом за стари лица, гасификација на Кавадарци“, вели Јанчев. Затоа во следниот 4 годишен мандат како градоначалник ветувам: „Доградба на нова скијачка патека: „Кожувска Панорама“ со должина од 1200 метри и надморска височина од 1400 метри, како и доградба на уште 2 нови ски-патеки. Доградба на ски-лифт. Гасификацијата во Кавадарци претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и индустријата. Изградба на 6 локални патишта кои во целост ќе го намалат протокот на тешки товарни возила низ градското подрачје, Конопиште – Бошава, Радња – Ски Кожув, Мрежичко – Мајден, Бохула – Радња, Хец Тиквеш – Голеш, Хец Тиквеш – Брушани. Понатаму, бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение продолжува и во следниот четиригодишен мандат. Ветувам изградба на дом за стари лица. Овој дом ќе располага со капацитет од 57 легла, современо уредени и опремени со сите неопходни услови за достоинствен живот. Локацијата на објектот е внимателно избрана – веднаш до споменикот на Киро Крстев, во близина на паркот и службата за итна медицинска помош, што ќе обезбеди пристапност и мирна околина. Изградба на 3 катни гаражи на повеќе локации. Изградба на пречистителна станица Марена – Сопот, Водоводна мрежа Страгово и Сопот, регулирање на кејот на реката Луда Мара од Ваташки мост до споменик 12 другари. За првпат ќе се отвори Младински културен центар со модерен и функционален простор. Центарот ќе биде сместен на површина од 900 м2 на второто ниво од новиот деловно трговски комплекс со вкупна површина од 7200 м2, објект кој ќе импресионира со својот современ архитектонски дизајн и врвни услови. Изградба на нов пат од автопатот до Кавадарци (експресен пат од пред Неготино), како и изградба на нова заобиколница во должина од 16 километри, с. Марена – Дрекслер Маер – ЈугоКомерц – Ваташа, и изградба на пат – Дисан – Кавадарци, вети Јанчев пред Кавадарчани и порача дека ние не ветуваме, туку исполнуваме“, посочи Јанчев. На крај, Јанчев порача дека кавадарчани на 19 октомври гласаат за својата иднина, за проекти и дела и ги повика да излезат масовно и обединето да гласаат за бројот 9, за него и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. „Ве повикувам работата да ја завршиме уште во првиот круг на 19 октомври, да излеземе обединети, сплотени да дадеме поддршка и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со заокружување на бројот 9 вие гласате за вашата иднина, за проекти и дела, за развој и сигурност. Гласајте за вашиот градоначалник, гласајте за советниците од нашата листа, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Ова е победа за Кавадарци, за Македонија и за иднината на нашите деца. За твоето место, за твојата иднина и со твојот човек, за сите нас“, заклучи Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57