СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
3Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
МакедонијаЈамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развојНа денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка .На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија. „Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов. При што пратеникот Јамалов посочи дека ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството. „Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов. Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата. На крај Јамалов заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој. „Овој Буџет ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, средствата се насочуваат таму кадешто ќе дадат најголем ефект, во економија, во инфраструктура и во човечкиот капитал. Со ваков пристап, Република Македонија влегува во 2026 година со силна основа, со стабилни јавни финансии и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програмаОд 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност. Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства. Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ. Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации. Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај. Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот. Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска. И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника. Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат. Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањетоВо Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро. Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран. Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите. Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото. Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран. Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата. Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат. Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter