СветЈамајка прогласи вонредна состојба во јужниот дел на земјатаЈамајканскиот премиер, Ендрју Холнес прогласи вонредна состојба во јужната парохија Кларендон во оваа карипска земја, објавија британските медиуми. Причината се одвоени вооружени напади во неделата вечерта, во кои загинаа осум лица, меѓу кои и седумгодишно момче. -Ова е можност за владата целосно да се мобилизира за да се фокусира многу сериозно на бандите. Не можеме да дозволиме убиствата да станат нормални во нашата земја, рече Холнес на прес-конференција во неговата канцеларија. Премиерот не даде детали за тоа какви прописи ќе бидат издадени, но обично тие може да вклучуваат ноќен полициски час, подолги периоди на притвор без обвинение и можност полицијата да пребарува имот без налог, објавија британските медиуми. Холнес се надева дека мерката ќе спречи убиства од одмазда и рече дека разузнавачките служби предупредиле дека постои „многу голема веројатност“ за обиди за одмазда. -Досега пет лица се уапсени во врска со пукотниците во неделата, рече Холнес. Според студијата „Insight Crime“, Јамајка имаше втора највисока стапка на насилни смртни случаи во регионот на Латинска Америка и Карибите минатата година, со 60,9 убиства на 100.000 луѓе, втор само по малата островска држава Сент Китс и Невис. Холнес истакна дека иако бројот на банди за кои се верува дека дејствуваат во земјата паднал од 400 на 185 за пет години, бројките останале „многу големи“. Карипската заедница (CARICOM) се обидува да се справи со зголеменото вооружено насилство преку зајакнување на спроведувањето на законот и запирање на увозот на нелегално огнено оружје. Според владата во Вашингтон, околу 87 отсто од оружјето што се трага на Карибите доаѓа од САД. Соединетите Држави ги советуваат своите граѓани да го преиспитаат патувањето во Јамајка поради криминал и да го избегнуваат Кларендон, означувајќи ја парохијата како „надвор од границите“ за персоналот на амбасадата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче нема што да понудат освен црни сценарија и лагиСДС е партија која нема што да понуди на граѓаните освен црни сценарија и лаги и токму затоа членството им бега, рејтингот им се топи, а Филипче ја однесе СДС на маргините на политичката сцена во Македонија.СДС и Филипче со месеци ја злоупотребуваат темата за Алта банка и шират паника како што лажеа за мигрантите, за водата во Гостивар, за банкрот, за пензиите. Прво ширеа паника за Алта банка, а кога документите и фактите излегоа на површина бегаат од одговори. Потоа ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор. Потоа СДС ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски. Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДС со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата. Во однос на црните сценарија на Филипче и СДС за економијата, Филипче самиот призна дека задолжувањата на владите на СДС, Македонија ја чини скоро 25 милијарди денари за отплата на камати за кредити. Во време на владите на СДС задолжувањата растеле од година во година, а немаше никакви капитални инвестиции. СДС и ДУИ оставија финансиски и економски пустош во државата. Сателитете од СДС на чело со Филипче и Заев ја распродаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го наполнат сопствениот џеб, да инвестираат во Дубаи, да се луксузирааат на јахти по Егејот, да купуваат акции од авиокомпании. Денес Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Во октомври 2026 година годишната инфлација во Македонија изнесува 3,3%, а во 2022 за време на СДС достигна 19,8%. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ, ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Разликата е јасна, СДС и Филипче нудат лаги и паника, ВМРО-ДПМНЕ нуди работа, резултати и развој на државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКинотеката одбележува 10 години од смртта на Дарко МарковиќНа 21 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе ја одбележи десетгодишнината од смртта на Дарко Марковиќ.На 21 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе ја одбележи десетгодишнината од смртта на Дарко Марковиќ, еден од најзначајните македонски карикатуристи, аниматори и автори на анимирани филмови, со специјална ретроспективна проекција на десет негови кратки анимирани филмови. Дарко Марковиќ (1940–2016) остави длабока и препознатлива трага во македонската визуелна култура, карикатурата и анимацијата. Со својот автентичен авторски израз, прониклив хумор, сатира и критички поглед кон општеството, тој создаде дела што и денес ја задржуваат својата уметничка вредност и актуелност. Неговото творештво претставува значаен дел од историјата на македонската кинематографија и развојот на анимираниот филм. Преку едноставни, но моќни визуелни решенија, Марковиќ ги истражуваше човековата природа, општествените противречности, апсурдот на секојдневието и универзалните прашања на човековото постоење. Неговиот препознатлив цртеж и специфичен хумор создадоа единствен филмски јазик во кој карикатурата прераснува во подвижна слика, а сатиричниот коментар во универзална уметничка порака. По повод оваа значајна годишнина, Кинотеката ќе прикаже десет кратки анимирани филмови создадени во периодот од 1976 до 1980 година, кои сведочат за креативната разновидност, оригиналноста и препознатливиот уметнички ракопис на авторот. ПРОГРАМА ГРАНИЦА (1976) – 6 мин. СТОП (1976) – 7 мин. ТРИ МИНУТИ ВО СВЕТОТ НА МИРОСЛАВ БАРТАК (1976) – 4 мин. БЕЛО ТОПЧЕ (1977) – 4 мин. ПЕТ ФИЛМА ОД РАКА (1977) – 4 мин. СТРЕЛБИ (1977) – 10 мин. БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ (1978) – 11 мин. ПОСЛЕДНИОТ ПРОЗОРЕЦ (1979) – 1 мин. ЦИРКУС (1979) – 2 мин. РАКА (1980) – 11 мин. Со оваа ретроспективна проекција, Кинотеката ја потврдува својата посветеност на зачувувањето, истражувањето и промовирањето на националното филмско наследство, потсетувајќи на авторите чии дела имаат трајно место во македонската културна меморија. Оваа филмска вечер претставува можност за повторна средба со творештвото на Дарко Марковиќ, но и потсетување на значењето на македонската анимација како составен дел од националната филмска историја. Десет години по неговото заминување, филмските цртежи, хуморот и уметничката визија на Дарко Марковиќ продолжуваат да живеат на големото платно. Место: Кинотека на Македонија Датум: 21 ноември 2026 година (сабота) Почеток: 20:00 часотКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
КултураТеатарот од Куманово со претставата „Чичко Кумплунг“ гостува во ДрамскиСо претставата „Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово се заокружува серијата гостувања на националните театри во чест на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар.Претставата ќе се игра утре на 18 ноември со почеток во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Под мотото „Еден е Драмски!“ годинава беа организирани гостувања на професионалните театри од националните установи во Македонија. Манифестацијата беше замислена како културна платформа на гостувања и средби што ја афирмираа продукцијата на македонските театри. Пред публиката во Драмски во годината на големиот јубилеј настапија ансамблите на националните театари од Битола, Охрид, Велес, Струмица, Турскиот театар од Скопје и Театарот за деца и младинци. „Чичко Кумплунг“ на кумановскиот театар ја режираше Јани Бојаџи. Претставата е работена по текст на Сашко Насев. „Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996 година. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и саркастичен лик кој преку хумор, пцовки и „народска филозофија“ ги коментира политиката, секојдневието и апсурдите на времето. Токму поради автентичниот говор и комичните сцени, ликот со години e дел од поп-културата и често се цитира. Пред премиерата во мај годинава, режисерот Јани Бојаџи рече дека сме затворени во круг од кој 30 години не можеме да излеземе и појасни: „Станува збор за исти карактери, исто време и место на дејствие, исти социјални и политички односи меѓу зет и шура кои се кодошат, исто семејно насилство, исти немоќни мажи кои својот револт, наместо да го покажат таму каде што треба, во општеството и кон политиката, бесот најчесто го истураат дома, врз семејството. Најчесто, поради неспособноста на оваа генерација мажи во овие 30 години да создаде подобра земја и поуспешно општество, сето тоа кулминира со семејно насилство, кое секојдневно е присутно во десетици случаи низ земјата. Ако прашањето е дали нешто се променило од пред 35 години до денес, мојот одговор е, не. Не се променило ништо во тој контекст за кој ние зборуваме, но не можеме да ги игнорираме реалните промени во кои сме напредувале, во многу и сме стагнирале, а во некои сме назадувале“, рече Бојаџи. Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Жарко Јовановиќ. Драматург на претставата е Зоран Зафировски, сценограф Лазе Трипков, костимографка е Ирена Боневска-Чаловска. Музиката во претставата е на Јани Бојаџи и музичкиот соработник Слаѓан Станишковски. Дизајнер на плакатот е Лазе Трипков. Инспициент е Лила Зафировска и суфлер Виктор Величковски. Драмски театар и ансамблот на Театарот од Куманово ја покануваат публиката да ја гледа претставата „Чичко Кумплунг“ и да ги поддржат уметниците во обврската да бидат критични прво кон самите себеси, а потоа и кон општеството. Мисијата на театарот треба да биде рефлексија на реалноста, а колку како луѓе и како нација посериозно и поискрено ќе се соочиме со сопственото огледало, толку полесен ќе биде патот кон промените. Драмски театар СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00