Јаќовски е шестиот Македонец кој го освoи Монт Еверест - Канал 5

Јаќовски е шестиот Македонец кој го освoи Монт Еверест

Монт Еверест сонот на секој планинар и високогорец.

Јаќовски е шестиот Македонец кој го освoи Монт Еверест

Докторот Златко Јаќовски е шеститот Македонец кој успеа да го искачи врвот и да се врати назад во Македонија. Авантура, голема животна лекција, исцелување соочување со самиот себе си... ја раскажа животната авантура „Монт Еверест“, која траеше месец иполовина со минус осум килограми, а плус бескрајна позитивна енергија. Во Април со години претходно силна подготовка, почнува авантурата. Месец Април и Октомври е период кога е најдобро да се искачува, но секогаш Еверест има мистерии. Авантурата почна со слетувањето на авионот на 2.880 метри на местото Лукла. Од тука почнува една приказна за Монт Еверест за луѓето кои живеат високо на Хималите, веруваат во Буда и имаат посебен начин кон животот и се е смирено и со љубов, а покрај вас се движат силните јакови кои и тие се во служба да пренесат се што треба за Еверест базниот камп, ја почна животната приказна Јаќовски. На 5.364 метри е базниот камп Еверест каде почнува со аклиматизација до искачување на врвот Лобуче Ест 6.119 метри, потоа еден од најопасниот глечер Кумбу, атракција и предизвик од ледени ѕидови и борба за воздух кој на оваа надморска височина е навистина тешко и мора се полека.

Како доктор и професор во Институтот за судска медицина секој ден се соочува со смртта, но тука е лекцијата секундите пресудуваат. Таму е се моќно кога доаѓате до местото каде има мраз, снег, екстремно стрмни карпи, разбирате дека нема брзање нема докажување на телото, туку умот и телото се едно, низ слики раскажува Златко. Еверест е таму, но природата кажува како ќе се движите и мора да ја слушате.

По неколку дена 15 Мај тргнале по истата патека до камп 4 времето било добро и на 18 Мај бил денот кога тргнало кон врвот на светот. На почетокот добро време, но снегот и силен ветер, мразот по телото од самото дишење и замрзнување на капките по вратот е последната епизода од качувањето до Еверест. Тој вели дека до 8.600 метри бил одлично, но потоа во една зона се се менува со првиот стапнат метар.

Тим од четворици Златко, Грк, Израелец и Австралијанец се качиле на врвот. Пет минути останале заради лошто време. Уморни со скоро испразнети батерии на телефоните од минусните температури за некоја фотографија и распослани знамиња на своите родни земји заедно на врвот на светот - моќниот Еверест.

Но, симнувањето е новиот предзик за да се преживее. Имал две незогди со лизгање, но подготвеноста физички, а најмногу психички останал жив. На симнување ново силно невреме еден од пријателите починал и останал на планината. Двајцата од тимот остануваат со ампутирани делови до раце и нозе поради премрзнатост. Златко со силна волја со лекција колку стабилниот ум но искуството во тешката професија било причина да е е единствениот без никаква повреда.

Златко вели дека ова е големо искуство прво гледате дека се е голема лекција учите од тамошните жители кои имаат тежок живот и се среќни со животот. Имаат малку материјално, а имаат се. Златко вели: „нас таму ни беше проблем висината и воздухот, а нивните деца трчкаат и се насмеани“. Тие имаат силни гени, но и голема волја за живот и среќа. А со секое искуство и враќање назад во домот разбирате колку е важно здравјето, слободата и тие што ги сакате. Иако на врвот бил како што вели збунет: немал емоција, денеска е пресреќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ .

На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.

Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи.

Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер