Јакимовски: Ударно градежно лето во Бардовци - Канал 5

Јакимовски: Ударно градежно лето во Бардовци

Денеска, на увид во градежните работи во месната заедница Бардовци, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги образложи веќе постоечките градежни зафати.

Јакимовски: Ударно градежно лето во Бардовци

Денеска, на увид во градежните работи во месната заедница Бардовци, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги образложи веќе постоечките градежни зафати, со кои се решаваат комуналните проблеми на граѓаните, но и најави нови инфраструктурни проекти, кои ќе бидат инвестирани во ова населено место.

-Во населеното место Бардовци,досега извршивме реконструкција на повеќе краци од повеќе улици, . Направена е реконструкција на улица „6“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 1 .566.000 денари. Исто така извршена е реконструкција на улица „14“, крак 4, во вредност од 561.000 денари, понатаму извршена е реконструкција на улица „10“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 418.000 денари и извршена е реконструкција на улица „2“, во вредност од 3.671.000 денари, нагласи Јакимовски. Градоначалникот на Карпош, ги нагласи тековните градежни активности, кои како градежна офанзива ќе бидат во фокусот ова лето: - Во моментов, работиме на изградба на фекална и атмосферска канализација, на новопроектирана улица „Е“ и дел од новопроектирана улица „З“. Вредноста на овие градежни зафати што ги изведуваме е 11.098.000 денари. Изградба на дел од новопроектирана улица „Е“, и дел од новопроектирана улица „З“, во должина од 225 метри, и должина на улица „3“, во должина од 360 метри, со вкупна вредност од 21.670.000 денари. Исто така, активна е изградбата на улична мрежа за дел од новопроектирана улица „6“ во месната заедница Бардовци, во должина од 295 метри,а вредноста на договорот е 6.000.991 денар и изградба на фекална канализација во должина од 176 метри. Вредноста на овој проект е 1.653.000 денари, додека изведувач е фирмата „Нексис“.Во моментов се врши реконструкција на пристапни улици на крак 1 и крак 2 ,на улица „14“, и крак 1 на улица „6“ . За овие улици се издвоени уште 1.000.000 денари, потенцираше Јакимовски.

Првиот човек на Карпош, најави и нови градежни инвестиции со кои ќе се заокружи комуналната инфраструктура во населбата Бардовци. -Градиме фекална канализација на улица „1687“ во вредност од 3.900.000.Новопланирана секундарна улична мрежа на истата улица, во вредност од 11.799.000 денари, и новопроектирана секундарна улична мрежа во вредност од дел на улица „К“, во должина од 1000 метри, во вредност од 35.000 милиони денари. Изградба на инфраструктурни објекти , на улица „5“, „6“,„ 7“ кои се предвидени во блок 2 и 3 во Бардовци, и асфалтирање од 41.172.000 денари. Изградба на инфраструтурни објекти на новопланирана улица 5,6 и 7 , фаза водовод и канализација , во вредност од 22.063.000 денари. Сето ова, го правиме , за да ги решиме децениските проблеми на Бардовчани, и ова населено место да има еднаква фекална, атмосферска, комунална и патна инфраструктура како другите населени места во нашата Општина, нагласи Јакимовски. Тој истакна дека до сега, со вложените средства и планираните идни финансии обезбедени од донации, но и од буџетот на Општината, во Бардовци ќе бидат инвестирани околу 2 милиони евра, за подобрување и стандардизирање на патната мрежа,како и изградба на фекална и атмосферска канализација.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер