Јакимовски пред дуелот со Луксембург: Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија - Канал 5

Јакимовски пред дуелот со Луксембург: Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Луксембург.

Јакимовски пред дуелот со Луксембург: Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија

Јакимовски со вкупно 61 поен беше еден од најдобрите во македонскиот состав на двете средби во се постигнати две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска.

- Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Со помош на новиот селектор да го поставиме тој систем на игра. Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме. Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. И да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус, изјави Јакимовски.

Натпреварот со Луксембург ќе се игра на 26 февруари од 18 часот во салата „Градски парк“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер