Јакимовски побара одговор од Мицкоски како го стекнал имотот во изминатите години - Канал 5

Јакимовски побара одговор од Мицкоски како го стекнал имотот во изминатите години

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција што ја одржа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побара од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да одговори како го стекнал имотот во изминатите години.  

Јакимовски побара одговор од Мицкоски како го стекнал имотот во изминатите години

Единственото прашање, рече Јакимовски, кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како внукот на Али Ахмети, на 25 години стекнал толку големо богатство што станал еден од сопствениците на трговскиот центар Соравија.

-Прашањето на Мицкоски е сосема легитимно, тоа младо момче да објасни како стекнал милионски имот, но имам и јас прашање за господинот Мицкоски. Мицкоски да каже на колку години ја направил својата прва хидроцентрала и се стекнал со милионски имот и дали ја стекнал пред или за време на неговото директорување со ЕЛЕМ, рече Јакимовски.

Јакимовски забележува дека Мицкоски како директор на ЕЛЕМ требало да гради хидроцентрали кои ќе бидат во државна сопственост, а не во негова лична сопственост.

-За жал ние сме соочени со луѓе кои сакаат да земат власт, а кои сакаат да го лажат народот и тоа е апсолутно нечесно според мене. Јас како човек што се занимава долго со политика може да кажам и нешто што не му се допаѓа на народот, но никогаш нема да кажам лага и никогаш својот народ нема да го лажам и само сакам да им упатам порака на граѓаните на Карпош да имаат доверба во својот градоначалник, рече Јакимовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, преку соопштение, му одговорија на Јакимовски, дека тоа што го зборувал му е наредено од тандемот Ковачевски.

-Ја разбираме задачата на Стевчо Јакимовски која пред се е мотивирана од концесиите кон ДУИ и кон таткото и синот Ковачевски и сега има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тоа што го збори Стевчо Јакимовски е тоа што му наредил тандемот Ковачевски. Тоа е и причината зошто Јакимовски после 6 години власт на СДС и ДУИ и украдени милијарди збори за ВМРО-ДПМНЕ, а не за она што е изворот на проблемите во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го зборува следниот пат наместо во прашална форма нека оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата.

Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“.

Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон.

Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен.

Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе.

Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. 

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат.

Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините.

Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден

Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој.

За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел.

Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната

Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1.

Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер